И се заканувал на неговата поранешна партнерка, ја следел, вршел психичко насилство: кривична за маж од Кумановско

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(36) од село Черкези, кумановско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот подолг временски период вршел психичко насилство, ја следел и ја вознемирувал од различни телефонски броеви неговата поранешна партнерка, а притоа ѝ упатувал и закани.

Continue Reading

Срушиле и уништиле куќа-заштитен објект на културно наследство: кривична за две лица од Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(52) и Л.Т.(52), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство и природни реткости“, „бесправно градење“, „узурпација на недвижности“ и „несовесно работење во службата“. Првопријавениот, во 2023 година, срушил и уништил куќа- заштитен објект на културно наследство, на кој …

Continue Reading

Скопјанец измамен за над 300. 000 денари: измамникот требало да му посредува при земање на кредит од банка

Во СВР Скопје вчера во 20:40 часот, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 27.05. до 01.06.2026 бил измамен од Д.П. за сума од 309.800 денари. Според пријавеното, тој со Д.П. се познавал од претходно, а бил измамен на тој начин што Д.П. требало да му посредува при земање на кредит од банка, односно во неколку наврати му …

Continue Reading

Починат маж пронајден во хотел на Бит Пазар

Вчера околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат З.Ј.(74) од Тетово. Човекот бил гостин во хотелот. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. Полицијата соопшти дека бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Continue Reading

Лафчиски на 19 Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Грција

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во период од 2 до 5 јуни 2026 година, во Солун, Република Грција, ќе учествува на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (BCHOD Conference), а ќе оствари и работна посета со командантот на НАТО корпусот за брзо распоредување – Грција (NATO Rapid Deployable Corps – Greece, NRDC-GR). На овогодишната …

Continue Reading

Герасимовски: „We Will Rock You“, концерт со млади бендови и рок класици во недела во Паркот на Франкофонијата

Општина Центар информира дека на 7 јуни (недела), со почеток во 20:00 часот, на отворената сцена во Парк на Франкофонијата ќе се одржи концертот „We Will Rock You“, во рамки на Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година. Станува збор за уникатен музички настан со 120 минути програма и изведба на 29 композиции на најпознатите светски рок класици. …

Continue Reading

Полицајците со истрошени униформи поради коруптивните тендери на Тошковски, велат од Левица

Пропаднатиот тендер за набавка на униформи со контроверзната фирма ,,Памитекс Тим” уште еднаш ги потврдува коруптивните шеми со тендери на десничарската власт, реагираат од Левица. Левица и претходно алармираше за скандалозниот тендер за униформи за специјалните сили, каде,мкако што велат, фирмата „Памитекс Тим“ беше регистрирана само 20 дена пред распишувањето на тендерот, без никаква историја на набавки. Ова, нагласуваат од …

Continue Reading

Утврдени неправилности во Институтот за јавно здравје: Државниот ревизор изразува неповолно мислење

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изразува неповолно мислење за финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции на Јавната здравствена установа Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија за 2024 година. „Изразивме неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2024 година“, се нагласува во …

Continue Reading

Мицкоски во првата половина на јуни ќе ја реструктуира партијата, а во втората половина Владата

Премиерот Христијан Мицкоски  сè уште не може да каже дали назначувањето нов министер на местото на Арбен Фетаи, кој си даде оставка, ќе биде единствената измена во Владата. Одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на новиот базен во Карпош, тој најави промени и во партијата и во Владата. „Сега сум посветен на внатрепартиските поместувања, реструктуирање. Тоа отприлика планираме …

Continue Reading