Фудбалската економија денес далеку ги надминува границите на спортот, а најдобро платените играчи во светот комбинираат клупски договори, бонуси и глобални маркетинг соработки што им носат нестварни приходи.
Листата на десетте најплатени играчи покажува колку високопрофитна станала глобалната фудбалска индустрија.
На листата на десетте највредни играчи на Светското првенство, Кристијано Роналдо е убедливо прв, не е изненадување што Меси е втор, а Нејмар трет, но секако е изненадување што Халанд е на деветтото место, додека Ријад Марез од Алжир е пред него.
Кристијано Роналдо (Португалија) – околу 1,17 милијарди евра
На врвот на листата е славниот Португалец, првиот фудбалер во историјата кој надмина една милијарда евра заработка. Неговиот договор со Ал Наср носи околу 173 милиони евра годишно, а тој генерира дополнителни приходи преку широка бизнис империја што го вклучува брендот CR7, хотели, фитнес центри, инвестиции во недвижнини, медиумски проекти и други комерцијални потфати.
Лионел Меси (Аргентина) – околу 868,14 милиони евра
Еден од најголемите фудбалери на сите времиња заработува огромни суми преку комбинација од спортски договори и спонзорства. Долгорочна соработка со брендови како што се Адидас, Пепси, Долче и Габана… Сето ова го прави една од најсилните маркетиншки фигури во спортот.
Нејмар (Бразил) – околу 390,78 милиони евра
Поранешниот играч на Барселона, Пари Сен Жермен и Ал Хилал, а денес на Сантос, сè уште е меѓу најплатените спортисти во светот. Неговите рекордни договори и голем број спонзорски соработки го држат на врвот на финансиската листа со години.
Килијан Мбапе (Франција) – околу 217,62 милиони евра
Светски шампион од 2018 година и една од најголемите фудбалски ѕвезди. Неговиот договор со Реал Мадрид, со бонуси, се проценува на околу 60 милиони евра годишно, со дополнителни приходи од глобални брендови.
Хари Кејн (Англија) – околу 128,7 милиони евра
Капитенот на Англија и напаѓач на Баерн Минхен заработува најмногу приходи преку клупски договор вреден околу 410.000 евра неделно, како и бројни спонзорски договори со спортски брендови.
Мохамед Салах (Египет) – околу 121,68 милиони евра
Фудбалскиот херој на Египет и сега поранешен играч на Ливерпул има еден од најсилните договори во Премиер лигата, околу 450.000 евра неделно, со значителни приходи од маркетиншки соработки.
Сон Хунг-Мин (Јужна Кореја) – околу 86,58 милиони евра
Легендата на Тотенхем и голема ѕвезда на азискиот фудбал, кој сега е во Лос Анџелес, ужива огромена популарност во својата татковина, што му носи и голем број спонзорски договори.
Ријад Марез (Алжир) – околу 73,71 милиони евра
Поранешниот играч на Манчестер Сити и освојувач на големи европски и африкански трофеи, по преселбата во саудискиот Ал-Ахли значително ги зголеми своите приходи.
Ерлинг Халанд (Норвешка) – околу 69,03 милиони евра
Напаѓачот на Манчестер Сити и еден од најефикасните фудбалери во светот, има еден од најпрофитабилните долгорочни договори во историјата на клубот.
Џејмс Родригез (Колумбија) – околу 69,03 милиони евра
Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Баерн, познат како „Капетан Фантастик“, продолжува да генерира високи приходи благодарение на претходниот глобален маркетинг по Светското првенство во 2014 година.