Утре претпладне сончево, попладне локален пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а …

Continue Reading

Полска ќе им забрани на децата под 16 години да користат мобилни телефони во училиштата

Полска сака да им забрани на лицата под 16 години да користат мобилни телефони во училиштата од 1 септември и планира да воведе построги правила за проверка на возраста за пристап до порнографија, изјави денес премиерот Доналд Туск. Земји како Холандија, Јужна Кореја и Италија веќе ги забранија паметните телефони во училиштата поради загриженост за нивното влијание врз концентрацијата и …

Continue Reading

Изборните реформи влегуваат во фаза на разгледување на предлозите од политичките партии и институциите

Во Министерството за правда денес се одржа шестата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство во позитивна атмосфера, што покажа подготвеност за изнаоѓање компромисни решенија. На седницата беше усвоен записникот од претходната седница, по што членовите на Работната група пристапија кон разгледување на доставените мислења, предлози и забелешки од политичките партии, институциите, регулаторните тела и граѓански иницијативи. „Министерството …

Continue Reading

Маѓар: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски, отвораме ново поглавје во односите

Унгарскиот премиер, Петер Маѓар, изјави дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, следната недела за да отвори ново поглавје во односите, откакона изборите го победи својот претходник, наклонет кон Москва, Виктор Орбан. За време на посетата на Берлин, Маѓар рече дека е подготвен да се сретне со Зеленски ако техничките разговори за правата на унгарското малцинство …

Continue Reading

Брутален напад врз Украина, Русите објавија што погодиле

Руската војска изврши напади врз претпријатија од воената индустрија во пет украински региони и во регионите Киев и Запорожје преку ноќ, објави руското Министерство за одбрана. Се вели дека нападите биле насочени и кон транспортната инфраструктура, вклучително и воените аеродроми. Министерството ги опиша нападите како масовна одмазда за она што тврди дека е терористички напад врз студентски дом во таканаречената …

Continue Reading

(Видео) Трамвај излета од шините во Берлин, се преполови: има повредени

Најмалку 20 лица се повредени, од кои тројца потешко, во несреќа во Берлин, кога трамвај излетал од шините на кривина во источниот дел од градот. Сите повредени се хоспитализирани, објавува „Шпигел“. 🚨 Tram derails and extensive damage is caused: 20 injured in serious tram accident in Berlin Atram accident in Berlin-Lichtenberg on Tuesday morning left 20 people injured, three of …

Continue Reading

Шпанскиот министер за надворешни работи: Шпанија нема да учествува во војната меѓу САД и Израел против Иран

Шпанија нема да учествува во војната меѓу Соединетите Американски Држави и Израел против Иран, изјави денес министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Албарес. „Нема да учествуваме во никаква акција што би можела да значи ескалација. И пред сè, сметаме дека нема воено решение за оваа криза“, рече Албарес, објавува „Фајненшл тајмс“. Алберес оцени дека светот е поделен на …

Continue Reading

Америка доби предупредување: „Ништо повеќе нема да биде исто“

Иран значително ги подобри своите воени капацитети за време на примирјето и е подготвен за секој нов конфликт, изјави портпаролот на ИРГК, предупредувајќи дека евентуален нов напад од страна на непријателот би предизвикал сосема поинаков одговор од Техеран. Вооружените сили на Иран сега се подобро опремени од порано и се целосно подготвени за сите непредвидени ситуации, изјави денес портпаролот на …

Continue Reading

Бесплатни часови по пливање во новиот базен во Карпош: целта е сите деца до девет години да научат да пливаат

Заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, на денешното свечено отворање на новиот базен во Карпош, најави дека Општината ќе обезбеди бесплатни часови по пливање за сите деца од прво до трето одделение. Влезот на базенот за учениците од Карпош ќе биде, исто така, бесплатен. Базенот е широк девет метри, долг е 25 метри, а длабочината му е од 0,8 до …

Continue Reading