Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска, 8 мај, започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. …
Continue Reading
Раното станување не мора да биде проблем: Ова се трикови за полесно будење и подобар сон
Експертите откриваат како малите промени во навиките можат да ви помогнат да се разбудите поодморени, полесно да заспиете и да имате повеќе енергија во текот на денот. За многумина, раното станување е секојдневен проблем, но експертите истакнуваат дека телото постепено може да се навикне да се буди порано без голем стрес и исцрпеност. Најважно е да не го менувате распоредот …
Continue Reading
Лазаров го објави списокот за баражот против Словачка
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот на играчи за претстојниот бараж натпревар против Словачка за пласман на Светското првенство 2027. Првиот меч помеѓу Словачка и Македонија ќе се игра на 14 мај во Прешов, а реваншот е три дена подоцна во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Репрезентативците првиот собир ќе го имаат на 10 мај. …
Continue Reading
Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција
Конвенцијата, усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа во мај 2024 година, претставува прв обврзувачки меѓународен инструмент кој воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна употреба на вештачката интелигенција. Со нејзиното потпишување, нашата држава се приклучува кон меѓународните напори за воспоставување јасни правила и стандарди за развој и употреба на вештачката интелигенција, во согласност со принципите …
Continue Reading
Гаши на регионална конференција: Демографските предизвици бараат долгорочни политики
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, учествуваше на Регионалната министерска конференција за справување со демографските промени и градење отпорност, организирана од Владата на Република Северна Македонија во соработка со UNFPA. На вториот ден од работата на конференцијата, претседателот одржа говор во кој ја истакна важноста од третирањето на демографските предизвици како стратешки приоритет за долгорочниот развој на …
Continue Reading
Муцунски со висока делегација од Европската служба за надворешно дејствување во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со висока делегација од Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС), во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Северна Македонија. На средбата беше поздравен редовниот политички дијалог воспоставен во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана, потпишано во 2024 година. Вториот состанок во рамки …
Continue Reading
(Фото) Портпаролката на Белата куќа сподели фотографија со бебето Вивијана
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која на 28 години стана најмладата секретарка за печат во историјата на Белата куќа, на социјалните мрежи сподели фотографија од своето второ дете – ќерката по име Вивијана. „На 1 мај, Вивијана, или Виви, се придружи на нашето семејство и нашите срца веднаш се исполнија со љубов. Таа е совршена и здрава, а нејзиниот …
Continue Reading
„Архангел“ со нова музика во пресрет на големиот самостоен концерт: објавен синглот „Дни оловни“
Повеќе од две децении по нивниот последен студиски албум, македонскиот рок состав „Архангел“ официјално се враќа со нова музика. Со објавувањето на синглот „Дни оловни“, чиј автор на музиката и текстот е фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува своето петто дискографско издание во пресрет на големиот самостоен концерт „Срцевина“, закажан за 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Звукот …
Continue Reading
Општина Аеродром се приклучи кон „Генералка викенд 2026“
Општина Аеродром и оваа година активно се приклучи кон „Генералка викенд 2026“ – најголемата еколошка акција во државата и регионот, која се реализира на повеќе од 500 локации во 80 општини, информираат од општината. Во континуитет Општина Аеродром, додаваат од таму, спроведува еколошки иницијативи во соработка со компании, организации и колективни постапувачи, создавајќи систем што дава конкретни и мерливи резултати. …
Continue Reading