ЕНЕРГИЈАТА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ СЕГА Е ПОЕВТИНА ОД ФОСИЛНИТЕ ГОРИВА

Во 2022 година почна енергетска криза со војната во Украина, а пред околу два месеца кризата многу се зголеми со воената интервенција на САД врз Иран. Геополитичката ситуација во светот е таква што снабдувањето со енергија денес не е ниту сигурно ниту одржливо. Што може да се направи за да се промени ова и да се постигне напредок против овој …

Continue Reading

Кривична пријава за бизнисмен од Струмица, затаил данок од 1,7 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и неговиот управител за „даночно затајување“, го оштетил буџетот на државата за над 1.700.000 денари. Според информациите на МВР, СВР Струмица поднесе кривична пријава против правен субјект од Струмица и против Н.Б.(50) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека во четири наврати сториле кривично дело „даночно затајување“. Пријавениот правен …

Continue Reading

Лавров: Русија безмилосно ќе одговори на заканите

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес предупреди дека Русија ќе се „одмазди безмилосно“ ако, како што изјави, „нацистичките сили“ се обидат да се заканат или да го нарушат прославувањето на Денот на победата во Русија. За време на церемонијата на положување венец во зградата на Министерството за надворешни работи во Москва, Лавров оцени дека современите безбедносни и политички …

Continue Reading

Националниот џез оркестар одржа концерт „Macedonian Dreams“ во Брисел

Во срцето на Европа, на сцената на престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, Националниот џез оркестар ја изведе концертната програма „Macedonian Dreams“, претставувајќи уникатен музички спој на македонската традиција и современиот џез израз. Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ја поведе публиката низ музичко патување инспирирано од богатото македонско музичко наследство, преобликувано во современ џез јазик. Концертот беше …

Continue Reading

Хоџа на „Генералка викенд“: Грижата за животната средина треба да стане секојдневна навика

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, денеска учествуваше на еколошката акција „Генералка викенд“, која традиционално обединува граѓани, институции и приватен сектор во заедничка акција за чистење и подигнување на јавната свест за заштита на животната средина. Хоџа истакна дека континуитетот на оваа иницијатива покажува дека кога постои заедничка волја, резултатите се видливи и конкретни. „Министерството за животна …

Continue Reading

Општина Гевгелија и „Тексомак“: Едукативна кампања за рециклирање текстилен отпад

Во двете основни училишта и детските градинки во Гевгелија се одржаа едукативни кампањи за правилно селектирање и рециклирање текстилен отпад, организирани од Општина Гевгелија во соработка со ТЕКСОМАК- колективен постапувач за управување со отпаден текстил. Преку интерактивни презентации, разговори и едукативни содржини прилагодени за најмладите, децата учеа за важноста од грижата за животната средина и за тоа како секој мал …

Continue Reading

Пренџов: Реформите продолжуваат со или без Венко и СДСМ

Реформите продолжуваат со или без Венко и СДСМ, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов. „Денешната прес-конференција ја свикуваме во врска со случувањата со последните закони од реформската агенда, односно со лицемерието кое СДСМ и Венко Филипче се обидуваат да го протнат и во Собранието и на македонската политичка сцена. Како медиуми и јавност сте сведоци дека сите поважни законски решенија, …

Continue Reading

Суарез: Реков некои работи што не требаше да ги кажам

На нешто повеќе од еден месец пред почетокот на Светското првенство, најдобриот стрелец во историјата на уругвајската фудбалска репрезентација, 39-годишниот Луис Суарез изјави дека е отворен за евентуално враќање во националниот тим. За потсетување, легендарниот напаѓач, реши да се пензинира од националниот тим, во септември 2024 година, по недоразбирањата со селекторот Марсело Биелса. Пред повеќе од 18 месеци, Суарез го …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова на средба со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој престојува во официјална посета на земјава. Таа ја истакна улогата на Советот на Европа, како најстара европска институција, којашто повеќе од седум децении ги унапредува демократијата, човековите права и владеењето на правото, како темелни вредности. Според претседателката, Новиот демократски пакт за Европа претставува важен …

Continue Reading