(Вознемирувачко видео) Кандидатка за градоначалничка на Мексико убиена во пренос во живо на Фејсбук
Она што започна како радосен предизборен митинг во неделата вечерта во мексиканската држава Веракруз се претвори во ужас кога една кандидатка за градоначалничка беше убиена заедно со уште три лица, објави Си-Ен-Ен. Застрашувачкиот момент беше снимен во пренос во живо на Фејсбук. Видеото ја прикажува Јесенија Лара Гутиерез како ги поздравува локалните жители додека шета низ улиците со поддршка на …
Continue Reading
Еден од двата најголеми аеродроми во Брисел евакуиран поради закана за бомба
Аеродромот во Брисел South Charleroi, еден од двата главни аеродроми во белгиската престолнина, е повторно отворен откако утрово целиот воздушен сообраќај беше прекинат поради закана за бомба на лет на „Рајанер“ од Португалија. Како што објавија белгиските медиуми, сите дојдовни и појдовни летови беа запрени неколку часа откако на летот од Фаро непосредно пред 11 часот беше примена закана за …
Continue Reading
Вавринка и Гаске добија покани за Ролан Гарос
Трикратниот шампион на Гренд слем турнирите, Швајцарецот Стен Вавринка и легендарниот француски тенисер Ришар Гаске добија специјални покани (вајлд карти) за појавување во главниот ждреб на Ролан Гарос, објавија организаторите. На женскиот турнир, француските тенисерки Дајан Пари (102-ра на ранг-листата на ВТА), Леолија Жанжан (104-та) и Клое Паке (138-ма) исто така добија покани за директен влез во главниот жреб на …
Continue Reading
Бесплатно собирање кабаст отпад во Ѓорче Петров
-
Mark
-
May 13, 2025
-
Македонија, Општини, Скопје
-
0 Comments
БЕСПЛАТНО СОБИРАЊЕ КАБАСТ ОТПАД ВО ЃОРЧЕ! 📅 Од 14 до 21 мај – пролетна акција на Општина Ѓорче Петров за бесплатно собирање кабаст отпад, на 20 локации низ урбаните и руралните делови на општината. 🚮Секој жител ќе има можност бесплатно да го одложи својот кабаст отпад на однапред утврдени места. 📍 Фиксни локации со поставени контејнери: 1. Хром Пољана 2. …
Continue Reading
Парламентот во Бугарија одби воведување на еврото
Претседателката на бугарскиот парламент, Наталија Киселова, го отфрли предлогот на претседателот Румен Радев за организирање референдум за воведување на еврото, велејќи дека тоа е спротивно на уставот, објави бугарската новинска агенција БТА. Радев предложи одржување референдум за воведување на еврото следната година. „Дали се согласувате дека Бугарија треба да ја воведе единствената европска валута „евро“ во 2026 година?“ е прашањето …
Continue Reading
Една сезона и заврши – Шортс повеќе нема да игра во Евролигата?!
Ти Џеј Шортс, американски плејмејкер со македонски пасош, имаше фантастична дебитантска сезона во Евролигата со Пари Сен Жермен. Се очекуваше дека тој ќе се приклучи на еден од најсилните европски тимови во текот на летото, но тоа најверојатно нема да се случи. Францускиот „Баскет Јуроп“ објавува дека Шортс ќе ја напушти Европа на крајот од сезоната и ќе им се …
Continue Reading
Америка потврди: Ако дојде Путин, доаѓа и Трамп
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, пензионираниот генерал Кит Келог, изјави дека САД се надеваат на пристигнување на Владимир Путин на преговорите во Истанбул. Ако тоа се случи, рече тој, самиот претседател Трамп ќе дојде. „Сакаме да постигнеме сеопфатен прекин на огнот во Украина, а дури потоа да ги отвориме прашањата за територијата“, изјави Келог за „Фокс …
Continue Reading
САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Вториот ден во знакот на вештачката интелигенција, образованието, инвестициите и поврзаноста со дијаспората
– Вториот ден од Самитот Македонија2025 понуди богата агенда со фокус на иднината на образованието, трансформативната моќ на вештачката интелигенција, глобалните можности за македонските компании и клучната улога на дијаспората во националниот развој. Утрото започна со панелот „Редефинирање на стратегиите за странски директни инвестиции“, модериран од претседавачот на Одборот на директори на Македонија2025, Виктор Мизо, каде што истакнати познавачи на …
Continue Reading
Викендов дожд со температури под просекот за овој период од годината
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени, информира УХРМ. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура …
Continue Reading