Бесплатно собирање кабаст отпад во Ѓорче Петров


kabast
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

БЕСПЛАТНО СОБИРАЊЕ КАБАСТ ОТПАД ВО ЃОРЧЕ!
📅 Од 14 до 21 мај – пролетна акција на Општина Ѓорче Петров за бесплатно собирање кабаст отпад, на 20 локации низ урбаните и руралните делови на општината.
🚮Секој жител ќе има можност бесплатно да го одложи својот кабаст отпад на однапред утврдени места.

📍 Фиксни локации со поставени контејнери:
1. Хром Пољана
2. Македонска Војска (кај Кочо Рацин)
3. Даме Груев (кај Месна заедница)
4. Александрија
5. Стара последна 5ка и
6. Последна 5ка – Дексион (со поставен камион од 18м²)


🚛 Локации каде што ќе кружат камиони секој 1 час:
Урбан дел:
• Наспроти влезот на Санте Плус
• Ќошот кај ул. Алексо Демниевски 27
• Кај трансформаторот на Алексо Демниевски 1
• Ул. Христо Батанџиев, наспроти детското игралиште
• До кејот на Вардар (ул. Кичевска и Рафаел Батино)
• Паркинг кај КАМ – Даме Груев
• Игралиштето на поранешната „22-ка“ – Даме Груев
• Игралиштето на ул.Шидска – кај кошот

Рурален дел:
• Ново Село (по месната заедница кај трансформаторот)
• Стопански двор (пред Блага Вода)
• Кисела Јабука (крстосница на ул. 84 и ул. 46)
• Волково (сред село кај кружниот тек и кај Дан Дар)
• Кучково (сред село)
• Орман (сред село)
• Никиштани (сред село)

🙏 Апелираме до сите граѓани да ја искористат оваа можност и да ги одложат кабастите предмети исклучиво на означените локации, со цел да спречиме нерегуларно депонирање и да придонесеме за уредна животна средина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK