Азири: Да ги затвориме целосно казината, обложувалниците и другите објекти за игри на среќа
Денеска во собраниска процедура дадовме предлог за измена на законот за игри на среќа, одамна инициран од Алијансата за Албанците, со кој се предвидува затворање на објектите за игри на среќа во нашите населени места и нивно функционирање само во хотели со 5 ѕвезди, појаснува во информацијата, Елми Азири, заменик кординатор на Европски Фронт. Со предлогот, како што вели, се …
Continue Reading
МO и Генералштабот на Армијата со демант: На реонот каде започнал пожарот, немало никакви активности од страна на припадници на Армијата
„Би сакале да ги демантираме изнесените информации, односно непроверените информации во врска со започнувањето на пожарот во околината на с. Пепелиште“, се огласија од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата. „Припадниците на Армијата односно питомци кои се наоѓаат во Центарот за обука ,,Пепелиште” се први кои се вклучија во борбата со пожарот. Во текот на вчерашниот ден вежбовните активности …
Continue Reading
Мицкоски – Орбан: Унгарската Влада ќе и позајми на Македонската Влада сума од 500 милиони евра
Денеска заедно со премиерот на Унгарската Влада, господинот Виктор Орбан имавме исклучително квалитетна и плодна средба, рече премиерот Христијан Мицкоски. „Разговаравме за неколку теми меѓу кои и темата којашто можеби за македонските граѓани е најважна, а тоа е дека двете влади се договорија во иднина да воспостават специјална економска соработка, нешто што ќе значи сигурност и нешто што ќе значи …
Continue Reading
Тепачка во дом за стари лица во Кисела Вода: 47-годишна жена ги нападнала двете вработени
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 09.07.2024 околу 23.40 часот во Дом за стари лица на подрачјето на Кисела Вода, Т.К.(47) од Скопје физички ги нападнала С.В.(52) од Скопје и Д.А.(48) од Тетово, и двете вработени во домот. Според надлежните, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Ограбена жена во парк во Ѓорче Петров: на сила и украле накит
На 10.07.2024 во 21.50 часот во СВР Скопје, Ѓ.Ш.(66) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот во паркот во Ѓорче Петров, едно лице со употреба на сила ѝ одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
Continue Reading
Со „ауди“ излетал од патот: тешко повреден маж од Кривогаштани
На 10.07.2024 околу 23.00 часот на регионалниот пат Прилеп-Крушево, пред с.Кривогаштани, Б.П.(43) од с.Кривогаштани, управувајќи патничко возило „ауди“, со велешки регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот. Тој се здобил со повреди, по што бил пренесен во Градска болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Полицијата соопшти дека јавен обвинител и увидна екипа на СВР Битола извршиле увид на местото на …
Continue Reading
Сијарто: Пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ ќе ја зајакне стабилноста во регионот
Пристапувањето на Западен Балкан во Европската унија ќе ја зајакне стабилноста во регионот и безбедноста на континентот, а Унгарија ќе работи на забрзување на тој процес, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на маргините на Самит на НАТО во Вашингтон. Сијарто, за време на билатералните разговори со црногорските и македонските колеги на маргините на самитот на НАТО, …
Continue Reading
Загина 18-годишник од Скопско, со возилото излетал од патот
Вчера околу 10.00 часот во СВР Скопје, Ѓ.Т.(50) од с.Љубанци, скопско, пријавил дека околу 07.00 часот на место викано Бозиште, скопско, неговиот син Д.Т. (18) со патничко возило излетал од шумски пат, по што починал. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен …
Continue Reading
Запалено српското знаме во северниот дел на Косово
Непознати лица го запалиле знамето на Србија во близина на кафеана во северниот дел на Косово, соопшти управата на полицијата во Приштина. По прегледувањето на видеото, „забележано е дека покрај локалот поминале четири непознати лица и постои сомневање дека едно од нив го запалило знамето“, пренесе РТС. Заменик директорот на полицијата за северниот регион Ветон Елшани за медиумите потврди дека …
Continue Reading