Со „ауди“ излетал од патот: тешко повреден маж од Кривогаштани

brza-pomos.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На 10.07.2024 околу 23.00 часот на регионалниот пат Прилеп-Крушево, пред с.Кривогаштани, Б.П.(43) од с.Кривогаштани, управувајќи патничко возило „ауди“, со велешки регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.

Тој се здобил со повреди, по што бил пренесен во Градска болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Полицијата соопшти дека јавен обвинител и увидна екипа на СВР Битола извршиле увид на местото на настанот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK