Мицкоски – Орбан: Унгарската Влада ќе и позајми на Македонската Влада сума од 500 милиони евра

fsdf.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денеска заедно со премиерот на Унгарската Влада, господинот Виктор Орбан имавме исклучително квалитетна и плодна средба, рече премиерот Христијан Мицкоски.

„Разговаравме за неколку теми меѓу кои и темата којашто можеби за македонските граѓани е најважна, а тоа е дека двете влади се договорија во иднина да воспостават специјална економска соработка, нешто што ќе значи сигурност и нешто што ќе значи финансиска стабилност за нашата македонска економија. Во името на таа соработка се договоривме дека веднаш сега одговорните лица, министерствата за финансии на двете Влади да отпочнат процес во којшто Унгарската Влада ќе и позајми на Македонската Влада сума од 500 милиони евра под следните услови, а тоа се камата од 3,25 проценти, три години грејс период, и 12 години рок на отплата, што е вкупно 15 години. Имајќи предвид дека воспоставуваме специјална економска соработка, тоа ќе подразбира дека во иднина кога ќе има потреба од такво нешто, ќе можеме повторно да се обратиме до нашиот специјален економски партнер, а тоа е Унгарската Влада и да побараме поддршка дополнителна што ќе биде потребна за македонската економија“, рече Мицкоски.

Премиерот ја информира македонската јавност дека овие 500 милиони евра ќе бидат употребени на следниот начин: 250 милиони евра директно поддршка за македонската економија под истите услови, 3.25 проценти камата, три години грејс период, 12 години рок на отплата или вкупно 15 години.

„ Македонската економија ќе добие услови кои што до сега не можела да ги добие на економскиот и финансискиот пазар, а 250 милиони евра ќе бидат наменети за капитални проекти кои што ќе бидат изведени во општините и ќе бидат исклучиво наменети за потребите на граѓаните. Македонија се сака со дела, продолжуваме понатаму и овде во Вашингтон. Денеска завршува НАТО Самитот, завршуваме со одбележувањето на 75 години од формирањето на НАТО Алијансата. Продолжуваме попладне за Њујорк , а утре и задутре имаме средби со македонските иселеници таму“, заврши Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK