Обилните дождови и надојдените реки предизвикаа хаос во западните делови на Индија

Обилните дождови денеска поплавија патишта и железнички пруги во поширокото подрачје на индискиот град Мумбаи, авиосообраќајот е во хаос, училиштата се затворени, а надојдените реки во другите делови на земјата им се закануваат на повеќе од два милиони луѓе. „Непосредно пред утринскиот шпиц, овој град со 12 милиони жители доби силен дожд“, изјави неименуван градски функционер за Ројтерс. Откако најавија …

Continue Reading

(Видео) Кличко за еден од најжестоките напади на Киев од почетокот на војната: „Тоа е детска болница, пациентите се евакуираат“

Градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко изјави дека денешниот руски напад врз Киев е еден од најлошите од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година. „Ова е еден од најлошите напади. Погледнете: тоа е детска болница“, рекол Виталиј Кличко додека стоел во близина на тешко оштетената зграда, пренесува Скај Њуз. Kiew wurde erneut Opfer eines erheblichen Angriffs durch …

Continue Reading

Песков: Орбан не носи порака од Путин за Бајден

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не доставил никаква порака преку унгарскиот премиер Виктор Орбан до американскиот претседател Џозеф Бајден и другите учесници на самитот на НАТО што оваа недела ќе се одржи во Вашингтон. На прашањето дали Путин преку Орбан, кој ја посети Москва на 5 јули, им пренесе порака на Бајден и …

Continue Reading

„Запуштени паркови и девастирани детски игралишта, градоначалнику Ѓорѓиевски ова е ваша обврска“, велат од партијата Левица

По барање на граѓани од населба Усје, советници од Левица – Кисела Вода излегоа на терен и ја согледаа состојбата во која се наоѓаат детското игралиште и паркот во населба Усје, извести партијата Левица. „Игралиштето за деца и паркот не се одржувани од нивното создавање, па поради тоа, активисти на Левица од Кисела Вода излегоа на терен и макотрпно работеа …

Continue Reading

„Време е да се искорени лошата репутација на никотинот“

Никотинот долго време беше на лош глас, што и не чуди, бидејќи е составен дел на цигарите, кои генерално се штетни. Но, никотинот како молекула сам по себе, не претставува никаков значаен здравствен ризик за луѓето, гласат зборовите на клиничкиот психолог и истражувач, Карл Фагерстром од Шведска. Фагерстром, како долгогодишен истражувач на тутунот и никотинот и автор на книгите Tobacco …

Continue Reading

Ева Лонгорија откри дека е во сродство со познатата оскаровка: „Направивме ДНК тест“

Изгледа дека се случи некој вид на семејно обединување на снимањето на 4-та сезона од Only Murders in the Building. Ева Лонгорија и Мерил Стрип глумат во новата сезона на серијата, а ѕвездата на „Домаќинки“ неодамна откри дека всушност е во роднинска врска со познатата оскаровка. View this post on Instagram A post shared by Only Murders in the Building …

Continue Reading

20 луѓе загинаа, а околу 50 се ранети во руски ракетни напади низ Украина

Во денешните руски ракетни напади врз цели во Украина загинаа 20 лица, а околу 50 се ранети, соопшти украинското МВР. Седум лица загинаа во масовниот ракетен напад утринава врз Киев, соопштија локалните власти, а пренесе Ројтерс. Најмалку три лица загинаа во градот Покровск во источна Украина во рускиот ракетен напад утринава, изјави регионалниот гувернер, додавајќи дека од проектилот била погодена …

Continue Reading

Шварценегер објави фотографија со Сталоне: „Среќен роденден пријателе“

Арнолд Шварценегер му го честиташе роденденот на Силвестер Сталоне. Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија објавија неколку заеднички фотографии направени во текот на нивните кариери. „Среќен роденден пријателе. Ти си шампион и легенда. Ме инспирираш мене и милијарди луѓе ширум светот“, напиша Шварценегер. View this post on Instagram A post shared by Arnold Schwarzenegger (@schwarzenegger) Ѕвездата на Терминатор, исто така, …

Continue Reading

(Видео) Хајди Клум и нејзиниот сопруг уживаат во Венеција, папараците ги уловија во незгоден момент

Супермоделот Хајди Клум (51) замина на одмор со сопругот, музичарот Том Каулиц (34). Парот моментално се наоѓа во Венеција, каде што се фотографирани за време на возење со гондола. Хајди и Том не се сами на одмор. Со нив е и братот близнак на Том, Бил Каулиц, кој со нив бил на разгледување. Папараците будно ги следеа во Венеција. Така …

Continue Reading