Шварценегер објави фотографија со Сталоне: „Среќен роденден пријателе“

stalone-shvarceneger.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Арнолд Шварценегер му го честиташе роденденот на Силвестер Сталоне.

Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија објавија неколку заеднички фотографии направени во текот на нивните кариери.

„Среќен роденден пријателе. Ти си шампион и легенда. Ме инспирираш мене и милијарди луѓе ширум светот“, напиша Шварценегер.

View this post on Instagram

A post shared by Arnold Schwarzenegger (@schwarzenegger)

Ѕвездата на Терминатор, исто така, објави фотографии од него и Сталоне како резбаат тикви заедно, се смешкаат на настан на Планет Холивуд и позираат во опрема од 80-тите.

Во април, Сталоне и Шварценегер разговараа за нивното минато ривалство. Арнолд призна дека Сталоне му бил голема помош во кариерата бидејќи тие секогаш се натпреварувале. Сталоне, пак, изјави дека конечно имал што да го мотивира кога се појавил Шварценегер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK