Владата одлучи: Укинување на позицијата економски директори на Клиниките, нови кадрови решенија и враќање на оградата на владината зграда

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои одлука за укинување на економските директори на Клиниките и одлука за именување на раководни кадри на пет државни институции. На позицијата ВД директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони е назначен Гоце Димовски. Димовски е доктор на науки, докторирал на тема …

Continue Reading

Почината жена пронајдена во викенд куќа во Светиниколско

Синоќа во 19.00 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во викенд куќа на место викано „Овче поле“ била пронајдена почината Б.С., на возраст од околу 60-тина години. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од ОВР Свети Николе и по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.

Continue Reading

Малолетник осомничен за силување малолетничка во Струмица

СВР Струмица поднесе кривична пријава против малолетник од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Пријавениот, во текот на месец март оваа година, на место викано „Чамефлик“, извршил обљуба врз малолетничка која претходно преку социјална мрежа ја повикал на средба, информираат од полицијата.

Continue Reading

Герасимовски: Ги отстранивме двете паднати дрвја на улица Орце Николов и стеблото паднато кај Клинички

Излеговме во пресрет на ЈП Паркови и зеленило и веднаш ги отстранивме двете паднати дрвја на улица Орце Николов, како и стеблото паднато кај Клинички Центар, извести градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. Тој ги повика ЈП Паркови и зеленило „на време да реагираат на пријавите на жителите за отстранување на дрвата што се стари и исушени бидејќи истите претставуваат закана …

Continue Reading

Дрво падна врз жена во центарот на Скопје

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) биле добиени повеќе пријави за штети и информации за опасности за граѓаните и околината, настанати од невремето во Скопје, што зафати дел од градот. „За сега билансот, според прводобиените пријави и информации на 112 во ЦУК е следен: паднати дрвја 16; оштетени возила 3 кабли; …

Continue Reading

Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ

Движењето ЗНАМ – ЗА наша Македонија денеска одржа прес конференција на која портпаролот Никола Мемов нагласи дека за македонската јавност е од исклучителна важност кој ќе раководи со владата, но исто така битно е да има и силен коректор на полтиките на владата односно силна опозиција. Мемов рече дека членовите на СДСМ избрале старо-нов претседател на своите внатрепартиски избори поради …

Continue Reading

Дрво падна врз автомобил во Скопје

Попладнево падна дрво во близина на „Веро Џамбо“, како резултат на силниот ветер. Од УХМР апелираа за внимание од појава на пороен дожд, грмежи и силен ветер над 70 километри на час. Според предупредувањата на управата, во текот на вечерните и ноќните часови ќе има потреба од внимателност во повеќе региони, како и внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците …

Continue Reading

Кривична за полицаец: го напуштил работното место и пукал со службениот пиштол на улица, па сакал да го прикрие настанот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Т.А., полициски службеник во Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица, …

Continue Reading

Естонија нарача турски воени оклопни возила Јорук

Естонија нарача оклопни возила на турската војска Јорук 4х4, а турската воена компанија ќе испорача 100 од овие возила во рок од една година. Со ова купување Естонија стана третата членка на НАТО која се одлучи за турски оклопни борбени возила Јорук 4х4, пренесува порталот на турската државна телевизија ТРТ. Естонскиот претседател Алар Карис неодамна ја посети турската компанија Nurol …

Continue Reading