Дрво падна врз автомобил во Скопје

Screenshot-2024-07-02-151011.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Попладнево падна дрво во близина на „Веро Џамбо“, како резултат на силниот ветер.

Од УХМР апелираа за внимание од појава на пороен дожд, грмежи и силен ветер над 70 километри на час.

Според предупредувањата на управата, во текот на вечерните и ноќните часови ќе има потреба од внимателност во повеќе региони, како и внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и места каде има опасност од одрони и свлечишта.

– Попладнево и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени, информираа од УХМР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK