Дрво падна врз жена во центарот на Скопје

oblak-i-veter.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) биле добиени повеќе пријави за штети и информации за опасности за граѓаните и околината, настанати од невремето во Скопје, што зафати дел од градот.

„За сега билансот, според прводобиените пријави и информации на 112 во ЦУК е следен: паднати дрвја 16; оштетени возила 3 кабли; откачени од бандери 7; откачени и оштетени кровови 3 и повредени 1“, соопштија од центарот.

Според ЦУК била добиена пријава за паднато дрво врз жена на булеварот Свети Климент Охридски, 66, Скопје. Известени се ИМП и полицијата за натамошна постапка.

„Паднато големо дрво од непознат вид врз бандера со кабли од струја кои искрат во моментот во населба Сопиште. Нема материјални штети во моментот. Нема повредени лица. Пријава за скинат кабел од бандера на улица Ѓорѓи Крапчев во Скопје.
Кај воениот базен кон касарната 4 паднати дрва поради невремето. Пријава за пожар од спој на жици од електрична енергија, гори сува трева и камион. Локација ДСМ- Ортопедика населба Карпош.
Пријава за откачен лим од приватна куќа, постои опасност да падне и да повреди .во скопската населба Козле.

Добиена е пријава за навалено големо дрво каде преставува опасност да падне во паркот каде има малолетници, на улицата Јуриј Гагарин во Скопје.
Пријава за паднато дрво на улицата по која движат возила. Локација: Улица 12-та Македонска Бригада, Скопје
Добиена е пријава за паднато дрво врз патничко моторно возило марка Сузуки. Локација: Булевар Видое Смилевски – Бато, Скопје
Пријава за паднат кабел од невремето во уличката кај влез на паркинг на УКИМ.
Пријава за дрво кое што е закачено до бандера со кабли од струја и за кое постои опасност да падне врз гаража во близина. Во моментот нема регистрирани материјални штети или повредени лица.
Пријава за неработење на семафори на дадената адреса, се создал голем метеж во сообраќајот. Локација: Булевар 3-та Македонска Бригада, 68, Скопје
добиена е пријава за скршена липа и падната е на орев. Локација: Улица Душан Тасковиќ 42 Скопје“, соопшти ЦУК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK