Од вторник пак невреме и врнежи од дожд

„Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на ноќта кон вторник и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град“, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Потоа во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време …

Continue Reading

Вучиќ најави уште апсења во Србија по вчерашниот терористички напад

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе има уште апсења во Србија, дека сега се проверува поврзаноста на сите лица со напаѓачот на жандармот Милош Јевремовиќ и дека очекува до вторник да се реши најголемиот дел од таа работа.  Вучиќ гостувајќи на ТВ Прва нагласи дека се работи за целосно смислен терористички напад и дека ништо не се случило …

Continue Reading

Левица: Животната состојба во затворите е повеќе од загрижувачка и нехумана

Во затворот Идризово се случила масовна тепачка меѓу затворениците, а повеќе лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека едно лице било претепано до смрт. Ова е последен инцидент во долгата серија на настани што се имаат случено во затворот Идризово изминативе години: од филмските обиди за бегство, до оваа масовна тепачка и за жал, се чини дека ова нема …

Continue Reading

Девет лица приведени за питачење и запуштање и малтретирање на дете

Вчера во времето од 16.00 до 20.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје постапено е по план за сузбивање на питачење на подрачјето на Центар и Бит Пазар и притоа се затекнати вкупно 11 лица од кои девет се приведени за сторен прекршок по чл.24 од ЗППЈРМ (питачење), а двајца биле лишени од слобода во полициска станица …

Continue Reading

За 24 часа низ државава пожарникарите гаснеа 10 пожари на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно десет пожари на отворено и неколку помали интервенции. Еден се уште се води како активен, во Општина Василево, кај с.Добрашинци, каде гори ниска вегетација, ниска шума и грмушки. Целосно изгасените се девет пожари на отворено  во општините: Гази Баба имало два пожара, кај с.Јурумлери(горело жито) и повторно …

Continue Reading

Борбата заврши кога Переира со нога го погоди противникот во глава

УФЦ 303 беше спектакуларен настан кој се одржа ноќта зад нас во Лас Вегас и ноќта беше обележана со борба во полутешка категорија меѓу Алекс Переира и чехот Јири Прохаска. Тепачката заврши со нокаут на почетокот на втората рунда, кога Переира го удри Прохашка право во главата со удар од кружен удар и го фрли на подот. На судијата не …

Continue Reading

Од утре МОН ќе ја исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од понеделник ќе почнат да се исплаќаат паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци.   Како што соопштија од МОН, на првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука Весна Јаневска ги задолжи надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Над 300.000 граѓани ќе добијат повисоки пензии за 5.000 денари

Премиерот Христијан Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат одговорност на дело кон највозрасната категорија на граѓани. Во првата недела од мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука за линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари на сите пензионери, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Над 300.000 граѓани ќе добијат повисоки пензии за 5.000 денари, односно најниската пензија од септември …

Continue Reading

Русија соопшти дека соборила 36 дронови испратени од Украина

Системите на руската противвоздушна одбрана уништија 36 дронови, испратени од Украина во текот на изминатата ноќ кон територијата на Русија, соопшти Министерството за одбрана во Москва. Петнаесет беспилотни летала се соборени над Курска област, девет над Липецка, по четири над Воронешка и Брјанска и по два над Орловска и Белгородска, посочи Министерството во објава на социјалната мрежа Телеграм.

Continue Reading