Од вторник пак невреме и врнежи од дожд

Облачно-со-услови-за-дожд-и-снег.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на ноќта кон вторник и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град“, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Потоа во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер..

Во Скопје, во текот на ноќта кон вторник и во вторник ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и локална појава на град. Повремен пороен дожд со грмежи ќе има и во среда и четврток.

Од УХМР, препорачуваат во случај на појава на електрични празнења поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK