Самка Ибраимоски повикан во полиција поради закани кон судија од Уставниот суд

Самка Ибраимовски од партијата ПЦЕР и поранешен пратеник е лицето кое уставниот суд го пријавило поради закани. Тој бил повикан во полицијата. „Денеска (24.6.2024) околу 12 часот претседателот на Уставниот суд Д.К. во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа“, се вели во соопштението …

Continue Reading

Преку дијалог со сметководителите, ИСОС најави подготовка на анализа и препораки за цените на услугите во овој сектор

Доследната примена на законската регулатива, на меѓународните стандарди за финансиско известување, на етичките принципи на професијата, како и континуирано стручно усовршување на сметководителите, беа дел од темите за кои се дискутираше на новиот серијал средби помеѓу членовите на раководниот тим на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и претставниците од сметководствените друштва ширум земјата. Посебно внимание на овие средби …

Continue Reading

Невреме со пороен дожд, грмежи и град го зафати Прилеп

Прилеп е зафатен од нестабилна воздушна маса, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Попладнево, подолго време се задржа поголема нестабилност во Мариово со појава на грмежи, врнежи од дожд и град, информираа од УХМР. Во западните делови има слоеста облачност, а помали јадра на нестабилност има во околината на Кичево и Македонски Брод.

Continue Reading

Примопредавање на функција помеѓу Маричиќ и Муртезани

Во просториите на Министерството за Европски прашања денеска е направено формално приморедавање на должноста, каде што новоназначениот Министер за Европски прашања, Орхан Муртезани, официјално ја превзеде функцијата од неговиот претходник, Бојан Маричиќ. Маричиќ, го информираше Муртезани за делокругот на работата на институцијата и му посака успех на Орхан Муртезани во понатамошниот пат кон европските интеграции на земјата. Новоименуваниот министер ја …

Continue Reading

Официјална премиера на целосно новиот Škoda Kodiaq

Škoda го лансираше својот водечки SUV, целосно новиот Škoda Kodiaq, на македонскиот пазар. Со својот моќен и робустен изглед, новиот Kodiaq поставува нов репер во сегментот SUV, комбинирајќи ја врвната технологија со исклучителна удобност и простор. Надворешноста на Kodiaq е целосно редизајнирана, прикажувајќи ги елементите на новиот дизајнерски јазик Modern Solid на Škoda. Елегантните, аеродинамични подобрувања не само што ја …

Continue Reading

Бесар Дурмиши ја презеде функцијата министер за економија и труд

Денеска во Министерството за економија, Бесар Дурмиши ја презеде функцијата министер за економија и труд. Добредојде во министерството и успех во извршувањето на функцијата му посака државниот секретар Размена Чекиќ Дуровиќ. Новиот министер порача дека ќе работи на подобрување на стандардот на граѓаните за подобар и простоен живот и на отварање на нови работни места . Дурмиши на својот прв …

Continue Reading

Нападната жена во автобус на Бит Пазар: напаѓачот и го украл златниот ланец

Вчера во 11.50 часот во СВР Скопје, С.З.(35) од Скопје пријавила дека околу 10.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, во автобус, едно лице со употреба на физичка сила и го одзело златниот ланец што го носела на себе. МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Уапсен маж од Беровско: прегазил полицаец а на друг му упатувал закани

Денеска полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б.М.(20) од с.Двориште, беровско. Околу 02.10 часот тој со возило прегазил еден полициски службеник во пределот на ногата и се дал во бегство, а на друг полициски службеник му упатувал закани. Против Б.М. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Continue Reading

Ридигер ќе го пропушти осминафиналето

Репрезентативецот на германија, Антонио Ридигер, најверојатно ќе го пропушти осминафиналето на Европското првенство.   Ридигер се повреди на натпреварот од третото коло од групата А против Швајцарија (1:1), кој се одигра синоќа во Франкфурт. Ридигер го повредил грбот. „Не изгледа драматично, но мали се шансите Антонио да игра во сабота“, изјави за „Билд“ спортскиот директор на германската репрезентација Руди Фелер. …

Continue Reading