Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Возило во тетовско излетало од патот, повредени возачот и сопатникот

Вчера во 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат на влез кон с.Мерово, тетовско, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(75) од с.Мерово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возочот и сопатникот Ќ.А.(69) од с.Мерово, констатирани во Клинички центар Тетово. За настанот бил известен јавен обвинител, …

Continue Reading

Аеродромот во Хонг Конг беше затворен поради итно слетување на авион, одложени 186 летови

Меѓународниот аеродром во Хонг Конг е повторно отворен, откако утрово пистата беше затворена по итно слетување на товарниот авион на Атлас Ер, соопштија од аеродромот. Пистата е повторно отворена откако бил отстранет авионот кој бил оштетен при слетувањето, јавува Ројтерс. Авионот не можеше да се движи неколку часа поради неговиот хидрауличен систем. Одложени беа 186 летови.

Continue Reading

Маринковиќ се врати во Партизан

Кошаркарскиот клуб Партизан го потврди трансферот на Вања Маринковиќ. Најмладиот капитен во историјата на клубот по пет години се врати во црно-белиот табор. Маринковиќ од 2013 до 2019 година играше во Партизан, потоа две сезони мина во Валнесија, во од 2021 година го носеше дресот на Басконија. Во последната сезона во Евролигата, тој одигра 36 натпревари (27 како стартер) и …

Continue Reading

Поголема европска интеграција на економиите, делегација на ССК на конгрес на Европската комора во Антверпен, Белгија

Во Антверпен на 17-тото издание на конгресот на Eurochambres од 12-14 јуни ,беше присутна делегација на Сојуз на стопански комори на Македонија предводена од претседателот Трајан Ангелоски, потпреседателот Сашо Дукоски , Соња Божиновска и Сања Божиновска членoви на ССK . Конгресот на Eurochambres 2024 го отвори Кети Беркс, гувернер на провинцијата Антверпен,и Владимир Длоухи, претседател на Eurochambres,настан кој е катализатор …

Continue Reading

Кинотеката потсетува: Пет години од смртта на Кирил Ценевски (1943-2019)

Денес, на 17 јуни, навршуваат точно пет години од смртта на Кирил Ценевски, еден од најголемите синеасти на македонската кинематографија. Неговиот првенец и дебитантски игран филм ЦРНО СЕМЕ од 1971 година постави нови параметри во филмското творештво и своевремено беше најнаградуван македонски филм („Златна арена“ за режија и „Златен венец“ за дебитанско остварување на Пулскиот фестивал; „Жар-птица“ за најдобар режисер …

Continue Reading

(Видео) Трамп: Зеленски е трговец, секогаш кога доаѓа во САД, тој си заминува со 60 милијарди долари

Поранешниот американски претседател и веројатен републикански кандидат Доналд Трамп остро ја критикуваше американската помош за Украина на предизборниот митинг во Детроит во саботата. Говорејќи на настанот „Turning Point USA“, Трамп рече дека ќе ја прекине американската помош за Украина пред да ја преземе Белата куќа. „Мислам дека Зеленски е можеби најголемиот бизнисмен од сите политичари што некогаш живееле, секогаш кога …

Continue Reading

Левица: Шест години Преспански договор – сè подалеку од ЕУ, сè поблиску до бугаризација

Со Преспанскиот договор, владејачките елити од двете страни на границата, поддржани од европските бирократи, директно го прекршија цивилизациското право на самоопределување на македонскиот народ! Наметнатото и нелегитимно име на државата не е прифатено од обичните граѓани на Република Македонија и не може да биде никаков гарант за просперитет или помирување помеѓу двата народа! Реалноста во која живее македонскиот народ, шест …

Continue Reading

(Видео) Трамп го покани Бајден на когнитивен тест, а потоа, во следната реченица, направи гаф

Доналд Трамп го предизвика актуелниот американски претседател да направи когнитивен тест, но во следната реченица го помеша името на сопствениот доктор. Републиканскиот претседателски кандидат редовно го критикува Бајден за неговите различни гафови. Говорејќи во Детроит, Трамп ја доведе во прашање менталната острина на претседателот. „Тој дури и не знае што значи зборот „инфлација“. Мислам дека треба да направи когнитивен тест …

Continue Reading

Поранешниот претседател Франсоа Оланд се враќа во политиката

Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд изјави дека повторно ќе се кандидира за пратеник на парламентарните избори, што е најнов политички пресврт откако неговиот наследник Емануел Макрон повика на предвремени избори, пишува Еурактив. Оланд, кој беше француски претседател од 2012 до 2017 година, ја напушти функцијата со рекордно ниво на непопуларност – и кај делови од радикалната левица и кај социјалистите …

Continue Reading