(Видео) Трамп го покани Бајден на когнитивен тест, а потоа, во следната реченица, направи гаф

tramp.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Доналд Трамп го предизвика актуелниот американски претседател да направи когнитивен тест, но во следната реченица го помеша името на сопствениот доктор. Републиканскиот претседателски кандидат редовно го критикува Бајден за неговите различни гафови.

Говорејќи во Детроит, Трамп ја доведе во прашање менталната острина на претседателот. „Тој дури и не знае што значи зборот „инфлација“. Мислам дека треба да направи когнитивен тест како што направив јас“, рекол Трамп, пренесува „Скај Њуз“.

Неколку секунди подоцна, тој продолжи: „Д-р Рони Џонсон. Дали сите го познаваат Рони Џонсон, конгресменот од Тексас? Тој беше доктор во Белата куќа и рече дека сум најздравиот претседател во историјата, па веднаш ми се допадна“.

Сепак, тој очигледно мислеше на Рони Џексон, кој беше лекар во Белата куќа за време на неговиот претседателски мандат. Џексон беше избран во Конгресот во 2021 година и е еден од најгласните бранители на Трамп на Капитол Хил.

Во 2018 година, Трамп направи когнитивен тест на негово барање, изјави Џексон на новинарите тогаш. Испитот е дизајниран да открие рани знаци на губење на меморијата и други благи когнитивни оштетувања. Трамп, кој во петокот наполни 78 години, се запраша дали Бајден, како 81-годишник, воопшто треба да се кандидира за втор мандат.

Бајден исто така се потсмеваше на годините на Трамп. „Честитки од еден до друг старец. Годините се само бројка“, напиша Бајден во саркастична објава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK