Белгија испраќа триесет борбени авиони Ф-16 во Украина

Белгија ќе се заложи за снабдување на Украина со триесет борбени авиони Ф-16, а првите испораки се планирани за оваа година, објави новинската агенција Белга, повикувајќи се на министерот за одбрана Хаџа Лахбиб. Ова беше објавено неколку часа пред украинскиот претседател Володимир Зеленски да се сретне со белгиските власти. Како што претходно најави белгиската влада, Зеленски ќе потпише безбедносен договор …

Continue Reading

Која туристичка агенција прва започна со летните аранжмани? – ЈК Травел со исполнети капацетити во мај

Редици колони возила на македонско-грчката граница, полни плажи туристи- вака изгледаше почетокот на летната сезона во месец мај. Од најголемата македонска туриситчка агенција ЈК травел брифираат за пораст на аранжманите во овој период, а сезоната официјално ја започнаа на 15ти Мај со првите гости во Грција и Албанија. Трендот се должи на повеќе фактори, велат од ЈК Травел. Според податоците, …

Continue Reading

Живко Мукаетов прогласен за Премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен Крст

Црвениот крст на Град Скопје го одликувааше Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ со Оскар на хуманоста во категоријата Премиум партнер, како континуиран поддржувач на хуманата мисија која ја спроведува оваа организација во земјава веќе 8 децении. „Со особено задоволство, во рамките на манифестацијата ’Оскар на хуманоста’, му ја доделуваме наградата ’Премиум партнер’ на г. Живко Мукаетов. Неговата …

Continue Reading

ЕОС Матрикс Македонија со нови алатки базирани на вештачка интелигенција ја подигнува ИТ безбедноста на финансиските услуги

Високата заштита на податоците, подигнување на ИТ безбедноста и употреба на нови иновативни алатки, кои се базираат на вештачка интелигенција, остануваат врвен приоритет на ЕОС Матрикс Македонија. “ogGPT” е новата алатка за генеративна вештачка интелигенција, која покрај другите придобивки, на корисниците им нуди висока заштита на безбедноста на податоците. Алатката “ogGPT” е креирана од Групацијата ЕОС што и дава дополнителна …

Continue Reading

Земјотрес во Скопје

Во Скопје утрово е регистриран земјотрес. Од Сеизмолошката опсерваторија информираа дека потресот се случил во 10.48 минути, со Рихтерова локална магнитуда од 2,5 степени. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Continue Reading

Санчез: Шпанија ја признава Палестина во границите од 1967 година

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека неговата земја ја признава државата Палестина во границите од 1967 година во согласност со меѓународното право и историската правда. „Шпанија ќе го усвои официјалното признавање на државата Палестина на денешниот министерски состанок“, рече Санчез во телевизиско обраќање од зградата на владата во Мадрид. Тој истакна дека ова им се придружува на „повеќе од …

Continue Reading

Креативниот набој и контактот со себе, инспирација за продуктивност во приватниот и во професионалниот  живот

Интервју со д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, специјалист по радио-дијагностика во Клиника Жан Митрев  Д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска е првиот радио-дијагностичар во нашата земја кој почна да работи компјутеризирана томографија на крвни садови на срце.  Како врвен радио-дијагностичар д-р Кириџиевска развива уникатно хоби што повеќе е уметнички израз, цртање глинени предмети со фолклорни мотиви, за што вели дека е инспирирано од работата односно …

Continue Reading

Хорот и оркестарот на скопското училиште Кузман освоија шест награди во Јесоло, Италија

Туристичкото место Јесоло во Италија ги отвори вратите за 500 учесници од 12 држави од Светот, меѓу кои и избраниците на професорката по музика, Вера Ангеловска од ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Кисела Вода. .На Светскиот куп во фолклор, учесниците настапија во различни дисциплини. Македонските претставници се одлучија за вокално-инструментален ансамбл со хорот и оркестарот, како и соло настапи …

Continue Reading

Хороскопски знаци кои се љубоморни на своите браќа и сестри

Не, ова не е класичното благо ривалство помеѓу браќата и сестрите. Знаците кои се љубоморни на своите блиски можат да одат чекор понатаму. Дури и кога се млади, овие хороскопски знаци се однесуваат прилично лошо со своите браќа и сестри. Тие се љубоморни, конкурентни и бараат внимание од родителите само за нив. Нивните родители секојдневно мораат да се справуваат со …

Continue Reading