Хорот и оркестарот на скопското училиште Кузман освоија шест награди во Јесоло, Италија

Kuzman-Josifovski-Pitu-vo-Jesolo-Italija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Туристичкото место Јесоло во Италија ги отвори вратите за 500 учесници од 12 држави од Светот, меѓу кои и избраниците на професорката по музика, Вера Ангеловска од ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Кисела Вода. .На Светскиот куп во фолклор, учесниците настапија во различни дисциплини. Македонските претставници се одлучија за вокално-инструментален ансамбл со хорот и оркестарот, како и соло настапи на пет вокали солисти и еден соло инструмент – гитара.

Старата македонска песна “Учи ме мајко карај ме” беше изборот на Ангеловска за хорот и оркестарот.

Оваа музичка дружина, која брои 49 члена, од кои 39 вокали, осум флејтисти и двајца гитаристи, ја “стресе” бината. Под диригентската палка на Верче, кузмановци блеснаа на отворената сцена, а за комплетен впечаток се погрижи прекрасната кореографија со автентични македонски предмети, како и рецитирањето строфа од македонската љубовна песна Дениција.

„Публиката задоволна, жирито исто така. Кузман и овој пат ги освои срцата на присутните. Освоеното второ место, пехарот, медаљите и дипломите ќе останат да сведочат за овој огромен успех на ООУ ‘Кузман Јосифовски – Питу’. Паричниот ваучер ќе биде само мотив повеќе да се продолжи со работа до следното претставување на голем музички настан. Во оваа конкуренција немаше освоено прво место “, велат од училиштето.

За дефилето пред завршната вечер македонија беше одбрана од страна организаторот да ја предводи долгата редица натпреварувачи низ улиците на Јесоло па ечеа македонски песни и се вееја македонски знамиња.

Солистите освоија едно прво место, две втори и две трети места, како и една пофалница.

 

Македонските претставници велат дека добиле и ексклузивна покана за прием кај градоначалникот на Јесоло, Кристофер Де Зоти, кој ги поздравил и им посакал уште поголем успех во иднина на музичките таленти од Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK