Белгија испраќа триесет борбени авиони Ф-16 во Украина

f-16-avion.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Белгија ќе се заложи за снабдување на Украина со триесет борбени авиони Ф-16, а првите испораки се планирани за оваа година, објави новинската агенција Белга, повикувајќи се на министерот за одбрана Хаџа Лахбиб.

Ова беше објавено неколку часа пред украинскиот претседател Володимир Зеленски да се сретне со белгиските власти. Како што претходно најави белгиската влада, Зеленски ќе потпише безбедносен договор со премиерот Александар Де Кро за време на неговата посета на Белгија во вторник.

Украинскиот лидер бара поголема воена помош од неговите западни сојузници додека неговите трупи се борат да ги задржат руските окупаторски сили. Украина има потпишано голем број такви договори со западните партнери, кои и ветуваат долгорочна безбедносна помош во форма на оружје и обука за воените сили, пишува Ројтерс.

Така, Зеленски во понеделникот ја посети Шпанија, а според билатералниот договор што во Мадрид го потпиша со шпанскиот премиер Педро Санчез, таа земја во текот на оваа година на Украина ќе и подари воена опрема вредна една милијарда евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK