МЗТ доби засилување од Литванија

МЗТ Скопје се засили со Џон Гилон. Американецот со актуелниот македонски шампион и освојувач на Купот, потпиша договор до крајот на сезоната. Станува збор за искусен 29-годишен кошаркар кој може да ги покрие позициите 1 и 2, плејмејкер и бек шутер, кој треба да ја пополни празнината по раскинувањето на соработката со Седрик Расел. Гилон во МЗТ доаѓа од Литванија …

Continue Reading

Матичните бараат да им се одврзат рацете за рано да откриваат ретки болести: имаме ограничен пристап до лабораториски анализи

Кампања за рано откривање на ретките болести во март ќе почнат Здружението „Живот со предизвици“ и Здружението на лекарите по општа и семејна медицина. Ќе тргнат од Скопје, но ќе ги посетат сите градови во земјата во кои има матични лекари и лекари по семејна медицина за да ги запознаат од блиску со проблемите, симптомите и потребите на лицата со …

Continue Reading

18-годишна девојка пријавила дека била вознемирувана од младо момче во теретана

Осумнаесетгодишна девојка од Скопје пријавила дека пред два дена околу 16 часот во сала за вежбање на подрачје на Драчево, Е.Т.(26) од с.Морани, скопско, ја влечел за рака, а претходно и праќал пораки и ја вознемирувал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Укинат притворот за шестмината осомничени за упадот во М-НАВ

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска достави предлози за укинување на мерките за обезбедување присуство, односно мерките притвор и куќен притвор, за шест лица осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст. 2 вв со чл. 22, а поврзани со случувањата од …

Continue Reading

„Состојбата на „50 девизија“ е слика кога ВМРО-ДПМНЕ даваше дозволи за градба без паркинг места“, реагира општина Центар

„ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар, денеска зборува за хаос во паркирањето, ама не зборува дека директен виновник за тоа е нивното 12 годишно недомаќинско работење во општината. Општина Центар потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ е таа која издаваше дозволи за градба без доволен број паркинг места за потоа истите да ги пренамени во деловни објекти“, реагира општина Центар на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар. …

Continue Reading

ДУИ: Граѓаните ги преплавија канцелариите на ДИК во поддршка на кандидатурата на Бујар Османи за претседател

Од раните утрински часови голем број граѓани во регионалните центри на ДИК во Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Чашка и низ целата држава го ставија својот потпис во поддршка на кандидатот на Демократската унија за интеграција за претседател на државата, Бујар Османи, извести ДУИ. Демократската унија за интеграција им се заблагодарува на сите оние кои досега ја изразија …

Continue Reading

Проблем за Манчестер јунајтед, се повреди Расмус Хојлунд

Расмус Хојлунд ќе го пропушти саботниот натпревар помеѓу Манчестер јунајтед и Фулам. Клубот соопшти дека, данскиот репрезентативец има повреда на мускулот и нема да биде на теренот во следните две до три недели. Повредата на Хојлунд е голем удар за тимот на Ерик тен Хаг, кој имаше бројни проблеми со повреди оваа сезона. Данецот ќе го пропушти натпреварот во ФА …

Continue Reading

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) уште повеќе го навлече гневот на граѓаните и на пациентите откако на брифингот со новинарите раководните лица на оваа институција рекоа дека вината за случајот со Леонид Игнов не ја гледаат во себе. За ФЗОМ, виновна е првостепената лекарска комисија која не ги содржела конкретните побарувања за пациентот да добие одобрување за рехабилитација, но и …

Continue Reading

Почна постапката за собирање потписи за листи на кандидат за Претседател на државата

Денеска, започна постапката за собирање на потписи за листи на кандидат за Претседател на Република Северна Македонија. Како што соопшти Државната изборна комисија, потписите на избирачите во постапката на кандидирање се собираат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК низ целата територија на Република Северна Македонија. Работното време на подрачните канцеларии на Државната изборна комисија е секој ден од 08:00 …

Continue Reading