Овој февруари е идеален за да посадите растенија кои ќе блеснат на пролет!

Деновиве не очекуваат повисоки температури до 14°, малку невообичаено за овој период од годината, што од друга страна ја прави почвата влажна и идеална за садење. Растенијата на оваа температура имаат можност да се адаптираат и одлично да напредуваат, за да веќе напролет блеснат во сцелиот свој сјај. Токму овој период градинарскиот центар ФОЈА иниција голема поволност за своите клиенти, …

Continue Reading

Верижен судир во Москва, учествувале најмалку 50 возила, има загинати и повредени

Едно лице загина, а седум се повредени денеска во два одвоени верижни судири во Москва во кои учествувале повеќе од 50 возила. Првиот верижен судир се случи на автопатот М-4 во близина на градот Ступина. Во него учествувале 29 возила, а едно лице загинало, а три се повредени, пренесува РИА. Втората поголема сообраќајна несреќа се случила на автопатот М-8 во …

Continue Reading

Драма во Америка: исчезна хеликоптер со маринци

Американските спасувачки служби трагаат по исчезнат хеликоптер со петмина маринци, соопшти денеска американскиот марински корпус. Хеликоптерот „CH-53E Super Stallion“ полетал од воздухопловна база во близина на Лас Вегас и требало да слета во Мирамар во близина на Сан Диего, но Канцеларијата на шерифот на Сан Диего и Цивилната воздушна гарда побарале помош од хеликоптерот, јавува CNN. Од канцеларијата на шерифот …

Continue Reading

Николовски по средбата со откупувачите на тутун: Тутунарите утре добиваат анекси на договорите, со зголемена цена од 365 денари на целокупната предадена количина тутун

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на ДИЗ, Јане Станкоски и државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски, денеска во Прилеп одржа редовен работен состанок со откупувачите на тутун. На состанокот со откупувачите се разговараше за тековниот откуп на тутун, просечната откупна цена, како и за мерки што би значеле доголорочен развој и одржливост на …

Continue Reading

Грците ќе ги вратат навивачите на стадионите на 7 март

Поради ескалацијата на насилство и убиството на полицаецот пред одбојкарскиот натпревар меѓу Панатинаикос и Олимпијакос, грчката влада во декември ги затвори сите фудбалски стадиони во земјата. Два месеци подоцна, полека се создаваат условите навивачите да се вратат на трибините, но со далеку поголеми безбедносни мерки. Тој момент ќе се случи на 7 март. Од тој ден, на ниту еден стадион …

Continue Reading

Голема полициска акција во Италија: мафијата крадела пари од европските фондови

Полицијата уапси 37 лица на Сицилија, од кои некои се верува дека се членови на мафијата. Станува збор за истрага за голема измама со која извлекувале европски пари наменети за земјоделски субвенции, пренесува Гардијан. При последната истрага во ноември 2022 година беа уапсени 91 лице. Во периодот од 2010 до 2017 година преку измама примиле над 5 милиони евра. Со …

Continue Reading

Уапсени измамници од Тетово: едниот продал возило кое било барано од Интерпол, другиот направил фалсификувана исправа

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Н.(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против А.К.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. На 23.07.2023, првопријавениот А.Н. со лажно прикажување на факти го измамил второпријавениот А.К. и за сума од 1.104.000 денари му продал патничко возило, кое …

Continue Reading

Бура поради интервјуто со Путин: Новинарот Такер Карлсон би можел да се соочи со санкции од ЕУ

Европската унија би можела да воведе санкции за американскиот новинар Такер Карлсон поради неговото интервју со рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска „Њузвик“ повикувајќи се на изјави на сегашни и поранешни пратеници во Европскиот парламент. Поранешниот белгиски премиер и европратеник Ги Верхофштад, кој ја повика ЕУ да ја истражи можноста за воведување „забрана за патување“ на Карлсон, го опиша новинарот …

Continue Reading

Украинки ограбени во стан во Скопје: ги нападнале и им украле пари и мобилни телефони

Вчера околу 21.00 часот во СВР Скопје, И.Р.(39) и Т.Л(35), двете од Украина со престој во Скопје, пријавиле дека во домот во кој престојувале на подрачје на Центар две лица со употреба на физичка сила и закана им одзеле пари, мобилни телефони и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните. Украинки ограбени во стан во Скопје, …

Continue Reading