Бура поради интервјуто со Путин: Новинарот Такер Карлсон би можел да се соочи со санкции од ЕУ

Бура-поради-интервјуто-со-Путин-Новинарот-Такер-Карлсон-би-можел.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Европската унија би можела да воведе санкции за американскиот новинар Такер Карлсон поради неговото интервју со рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска „Њузвик“ повикувајќи се на изјави на сегашни и поранешни пратеници во Европскиот парламент.

Поранешниот белгиски премиер и европратеник Ги Верхофштад, кој ја повика ЕУ да ја истражи можноста за воведување „забрана за патување“ на Карлсон, го опиша новинарот како „порпарол“ на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и Владимир Путин.

„Бидејќи Путин е воен злосторник, а Европската унија ги санкционира сите што ќе му помогнат во тоа, изгледа логично Службата за надворешни работи да го истражи и случајот на Карлсон“, изјави Верхофштад.

Поранешниот европратеник Луис Гарикано изјави дека се согласува со Верхофштад.

„Карлсон повеќе не е новинар, туку пропагандист на најгрозоморниот режим на европско тло и оној кој е најопасен за мирот и безбедноста на Европа“, изјави Гарикано.

Пратеникот на Европскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на Естонија, Урмас Пает изјави дека Путин е „претседател на земја која е агресор, обвинета за геноцид и воени злосторства“.

„Карлсон сака да му даде платформа на некој обвинет за геноцид. Тоа е погрешно. Ако Путин има нешто да каже, тоа мора да го каже пред Меѓународниот кривичен суд“ рече Пает.

Тој додаде дека Карлсон „не е вистински новинар бидејќи јасно ги изразил своите симпатии кон рускиот режим и Путин и постојано ја омаловажува Украина, жртва на руската агресија“.

„Значи, за ваквата пропаганда на криминалниот режим може да завршите на листата на санкции. Тоа, пред се, се однесува на забраната за патување во земјите на ЕУ“ рече Пает.

Карлсон засега не објави ништо за ова.

Тој синоќа потврди дека дошол во Москва на планирано интервју со Путин, велејќи дека тоа го прави бидејќи тоа е работа на новинар.

„Ние се занимаваме со новинарство. Наша должност е да ги информираме луѓето“, рече Карлсон во видеото објавено на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека војната во Украина е „човечка катастрофа“ во која загина цела генерација Украинци, но дека, според него, повеќето Американци не се доволно информирани за тој конфликт.

Американскиот новинар истакна дека Вашингтон два пати се обидел да го саботира интервјуто, што Белата куќа го демантираше.

Истовремено, тој изјави дека сопственикот на социјалната мрежа „Икс“, Илон Маск, ветил дека нема да го блокира разговорот со Путин кога ќе биде објавен на таа платформа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK