Кривична против девојка од гостиварско за „убиство во обид“: со остар предмет повредила вработен во казино

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 27-годишната М.А. од село Србиново, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, извести МВР. На 18.01.2024 во казино во Гостивар, по претходно недоразбирање, пријавената со остар предмет нанела повреди на вработен во обезбедување во казиното, велат од МВР.

Continue Reading

Комерцијална банка информира дека течат преговори со повеќе инвеститори за купување на имотот и опремата на Еуроникел

Скопје, 23.01.2024 година – Со оглед дека во последните денови повеќе медиуми пројавија интерес за текот на постапката за продажба на имотот и опремата на Еуроникел, Комерцијална банка сака да ја информира пошироката јавност дека во тек се преговори со повеќе заинтересирани инвеститори за купување на имотот и опремата на комбинатот Еуроникел, кои сега се во сопственост на Банката. Сепак, …

Continue Reading

Средба меѓу Агелер и Спасовски: Потврда за успешната соработка на МВР и Владата на САД од страна на амбасадорката на САД

Денеска, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Анџела Агелер, придружувана од економскиот советник, Рајан Милер. Како што соопштуваат од МВР, Спасовски и во оваа прилика изразил благодарност кон амбасадорката на САД, Агелер за поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави години …

Continue Reading

Претседателот Ел-Сиси се сретна со претседавачот на грчката група Копелузос во врска со напредокот во „Проектот GREGY“ за енергетска интерконекција со Европа

Претседателот Абдел Фатах Ел-Сиси се сретна со претседателот на грчката групација Копелузос, Димитриос Копелузос, а во присуство на премиерот, д-р Мостафа Мадбули, министерот за електрична енергија и обновливи извори на енергија д-р Мохамед Шакер и голем број високи директори на компанијата. Портпаролот на Претседателството, советникот Ахмед Фахми, рече дека претседателот бил информиран за напредокот во „Проектот GREGY“ за енергетска интерконекција …

Continue Reading

Маричиќ: Македонската европска машина е вклучена, од нас зависи дали оваа година, таа машина ќе продолжи да работи и да стаса до 2030 во ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ зема учество во рамки на годишната владина конференција се одржа првата панел дискусија :”На патот кон ЕУ:Искористување на можностите за брза интеграција” „Можеме без задршка да си честитаме, 15 месеци скрининг процес кој ни даде реална слика, во кој учествуваа речиси 1000 луѓе, 800 реализирани извештаи, интензивна работа на администрацијата …

Continue Reading

Државниот пат Крива Паланка – ГП Деве Баир пуштен во употреба

Денеска официјално се пушти во употреба државниот пат А2 Крива Паланка – ГП Деве Баир. Инвестицијата е вредна 12,2 милиони евра, грант средства обезбедени од 2,4 милиони неповратни средства и заем од Европската банка за обнова и развој. Покрај целосната рехабилитација, доградена е и трета лента до ГП Деве Баир. Овој државен пат е дел од европскиот Коридор 8. „Реализацијата …

Continue Reading

Меџити: Направивме системски промени за европско здравство

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, денеска учествуваше на панелот „Европски можности преку модернизација на социјални, образовни и здравствени политики“ што се одржува во рамки на годишната конференција „Година на европски можности“ во организација на Владата на Република Северна Македонија. Во своето излагање, тој истакна дека изминатата година се направени суштински темелни промени во здравството. „За првпат го набавивме лекот Трикафта. …

Continue Reading

(Видео) Алиу: Ќе поднесам денеска оставка, ако некој ми каже во очи дека овие закони се поврзани лично со моето име

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу денеска на прес-конференција кажа дека не е точно дека ќе поднесе оставка, иако имало шпекулации во јавноста дека министерот, како што вели ќе се откаже од тој предизвик. „Тоа доаѓа од луѓе кои не ме познаваат доволно добро или можеби луѓе кои тоа го посакуваат. Јас сум се нафатил на овој ангажман …

Continue Reading

Милутинов го чека подолга пауза

Српскиот центар Никола Милутинов се повреди, синоќа во дербито против Панатинаикос (80:85). Кошаркарот на Олимпијакос се повреди при судир со соиграчот Костас Папаниколау. Првите проценки за повредата не беа толку страшни, па се зборуваше дека тој ќе отсуствува од терените околу еден месец, но новите информации велат поинаку. По дополнителните прегледи е утврдено дека Милутинов се здобил со повреда на …

Continue Reading