Средба меѓу Агелер и Спасовски: Потврда за успешната соработка на МВР и Владата на САД од страна на амбасадорката на САД

Средба-меѓу-Агелер-и-Спасовски-Потврда-за-успешната-соработка-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денеска, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Анџела Агелер, придружувана од економскиот советник, Рајан Милер.

Како што соопштуваат од МВР, Спасовски и во оваа прилика изразил благодарност кон амбасадорката на САД, Агелер за поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави години наназад и ја дава на Република Северна Македонија, конкретно на Министерството за внатрешни работи во јакнење на капацитетите и сите процеси кои се спроведуваат преку проектите наменети за полицијата.

Како стратешки цели на кои Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија беше целосно фокусирано изминатиов период, министерот Спасовски ги посочи: борбата против организираниот криминал и корупцијата, компјутерскиот криминали, миграцијата и борба против тероризмот.

Најголем дел од поставените цели на ниво на МВР успешно и на високо професионално ниво беа реализирани со постигнати одлични резултати, за што добивме признание и честитки и од високите претставници на администрацијата во САД со кои неодамна министерот Спасовски оствари работни средби во Вашингтон, се наведува во соопштението на МВР.

Амбасадорката на САД, Агелер му се заблагодари на министерот Спасовски за денешнава средба како и за континуираната одлична соработка на Република Северна Македонија со Соединетите Американски Држави во повеќе сфери од општествениот живот, пренесувајќи ја заложбата на американската амбасада и Владата на САД за поддршка и интензивна соработка и во наредниот период.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK