Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Човечки труп во поодмината фаза најден во близина на комуналното претпријатие во Велес

Вчера во близина на филтерната станица на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ во Велес, бил пронајден човечки труп во поодмината фаза. На местото бил извршен увид од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на Институт за судска медицина Скопје, објави МВР.

Continue Reading

Нападнат вработен на патарина од лице кое не сакало да плати

Вчера во 18.50 часот С.Џ.(36) од селото Палатица, тетовско, вработен на наплатна рампа „Желино“ пријавил дека бил физички нападнат од едно лице кое не сакало да плати патарина. Според пријавеното, лицето во нападот користело и пластичен предмет, објави МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Убиство за Бадник во Прилеп – дружба со пијачка заврши со тепачка и смрт

Ужасна сцена во Прилеп. Шеесет и тригодишен кавадарчанец е мртов. Според информациите од полицијата, тој за време на физичка пресметка со шурата со кој претходно се запиле, со главата удрил во бетонски столб од куќа во изградба од што починал. Се’ се случувало вчера на Бадник. Двајцата мажи В.С.(65) од Прилеп и П.Р. (63) од Шивец, Кавадарци пиеле алкохол во …

Continue Reading

Вандалски чин кој не се памети во Пула: Запален влезот во црква непосредно пред почетокот на утринската миса

Рано утринава се запалени вратите на црквата во Пула, Хрватска. Јавната противпожарна станица во Пула веднаш по избивањето на инцидентот добила дојава и пожарот го изгаснале од 7:41 до 08:25 часот. Во црквата во моментот немало никој, а на терен излегле едно противпожарно возило и четворица пожарникари, дознава „Јутарњи“. Пред големата дрвена врата на главниот влез во црквата Пресвета Богородица …

Continue Reading

Јапонија вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина

Министерката за надворешни работи на Јапонија, Јоко Камикава, денеска за време на нејзината посета на Киев вети континуирана поддршка на Јапонија за Украина во борбата против руската инвазија. „Јапонија е решена да продолжи да ја поддржува Украина за да може да се врати мирот во Украина“, рече Камикава на заедничката прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. Камикава …

Continue Reading

Твитер битка меѓу Димовски и Најчевска

Илија Димовски и професорката Најчевска имаа долго препукување на Твитер… Кога ДУИ ви помагаа за да си го смените името на државата и да си го погазите македонскиот идентитет, не ви кажаа ли дека ќе ви наплатата за тоа? Како за урбана информирана интелектуала нешто многу сте потресени…#Шарена#Преспа#РаспаднатаДржава — Ilija Dimovski (@ilijadimovski) January 4, 2024 Имаш лице да зборуваш. Ти …

Continue Reading

Обвинителството за упадот во М-НАВ: До судот ги приложивме сите докази за барањето за притвор

Обвинителството објави дека до Кривичниот суд ги приложиле сите докази дека постои реална опасност четворицата осомничени за упадот во М-НАВ да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци и да го повторат делото, но и детално образложиле зошто изрекувањето само на мерки на претпазливост од страна на судот е неосновано. Од Обвинителството велат дека во однос на обележјата на кривичното …

Continue Reading

Вучиќ: Европа бара oд нас да ја признаеме независноста на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утрово изјави дека Европа бара Србија да го признае независно Косово. „Де факто или де јуре. Да, бара. Да не се лажеме дека не е така. Тоа го бара најголемата сила на ЕУ. Во суштина тоа го бара“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк. Зборувајќи за тоа дали граѓаните на Србија можат да се договорат за …

Continue Reading

Зеленски: Европа мора да развие заедничко производство на оружје

Војната во Украина покажа дека Европа мора да развие заедничко производство на оружје за да се осигура дека континентот може да се зачува, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Двете години од оваа војна докажаа дека на Европа и треба сопствен арсенал и свои способности за да обезбеди одбрана и слобода“, рече Зеленски на конференцијата во Шведска преку видео врска. Претседателот …

Continue Reading