Јапонија вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина

Јапонија-вети-дека-ќе-продолжи-да-ја-поддржува-Украина.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерката за надворешни работи на Јапонија, Јоко Камикава, денеска за време на нејзината посета на Киев вети континуирана поддршка на Јапонија за Украина во борбата против руската инвазија.

„Јапонија е решена да продолжи да ја поддржува Украина за да може да се врати мирот во Украина“, рече Камикава на заедничката прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. Камикава пристигна во Киев ненајавено, а мораше да одржи прес-конференција во засолниште поради предупредување за воздушен напад.

Русија во последните десет дена истрела речиси 300 проектили и повеќе од 200 беспилотни летала.

Украина постојано бараше од своите сојузници да ѝ обезбедат модерни авиони и системи за противвоздушна одбрана за да ги одбие руските напади.

„Ја информирав мојата колешла за потребите на Украина не само во однос на авионите, туку пред се во однос на воздушната одбрана“, рече Кулеба.

Минатиот месец, Токио објави дека ќе се подготви да испорача ракети за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Соединетите држави, откако ќе ги ревидира насоките за извоз на оружје, што е прва голема ревизија на таквите ограничувања во последните девет години.

Иако новите контроли на извозот на Јапонија сè уште спречуваат испорака на оружје во земјите во војна, тоа би можело индиректно да биде од корист за Украина во војната со Русија, давајќи им на САД дополнителен капацитет да обезбедат воена помош за Киев.

Јапонското Министерство за надворешни работи, исто така, соопшти дека Јапонија силно ќе ја покаже својата посветеност за закрепнување и обнова на Украина преку јавно-приватно партнерство со тоа што ќе биде домаќин на конференцијата Јапонија-Украина на 19 февруари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK