Денес цело Скопје гори, српската окупација ни ја донесе оваа традиција, вели Георгиевски

Поранешниот премиер на Македонија Љубчо Георгиевски се огласи на Фејсбук и вели дека пред 30 години само во Мичурин се палел коледарски оган. „Пред трисет години само во Мичурин се палеше оган дури и се сеќавам кога прв пат почнаа со огнот. Денес цело Скопје гори. Го девалвираме Скопје како главен град. Се девалвираме како урбана средина,како народ“, пишува Георгиевски …

Continue Reading

Спасовски присуствуваше на мултиетничко дружење на младите за Бадник во Куманово

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Куманово присуствуваше на мултиетничко празнување на големиот христијански празник Бадник, во кое учество земаа учениците во ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“. Учениците кои посетуваат настава на македонски јазик беа домаќини на врсниците кои посетуваат албански наставен јазик, со возвратно дружење за време на муслиманските празници, а со цел да ги споделат своите обичаи, култури и …

Continue Reading

Тренчевска доживеа сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш, повреден нејзиниот возач

Вчера во 17.28 часот во СВР Штип е пријавено дека на патот Штип – Радовиш, во близина на с.Лакавица, штипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Влада на Република Северна Македонија, управувано од Г.А.(53) од Скопје, во кое се превезувала министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и вработена во кабинетот …

Continue Reading

Бадникова поворка во Охрид, на чело пејачите Ѓоко Таневски и Пајак

Со песната ,,Вечниот Бог” и во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, коледарите од бадниковата поворка во Охрид, утрово ја донесоа големата вест за Христовото раѓање. Бадниковата поворка започна во 10 часот, а собирот на децата беше во 9 часот во дворот на црквата „Свети Ѓорѓи“. Годинава учество земаа преку илјада дечиња, а новина е што песната „Вечниот бог“ е …

Continue Reading

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО БАДНИКОВИТЕ ПОВОРКИ и лично почувствувајте ја радоста (ВИДЕО)

Во пресрет на Бадникови поворки 2024 коишто на Бадник (сабота) 6.01.2024 во околу 75 градови и села во Македонија и 5 во дијаспората, ќе ги обединуваат коледарчињата во поворка за гласно да ја вознесат веста за Христовото Раѓање, млади бадникари – музичари влегоа во Дајмонд Мол за да му ја покажат на народот убавината и велелепието на нашата традиција, но …

Continue Reading

Насилниците доколку влетаа во контролата на летање на аеродромот во Њујорк, Париз или Атина немаше ни да влетаат, веднаш ќе беа „решени“, вели Ангелов

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и претседател на политичката партија „Достоинство“ се огласи на Фејсбук по однос на случувањата во македонската навигација каде и тој две години работел како помошник за безбедност на системи и уреди во Секторот за воздухопловна техника на М-НАВ. “Пред да бидам именуван за директор на ЦУК, две години работев како помошник за …

Continue Reading

Стигна одмаздата за убиството на Ал Аури: Хезболах тврди дека истрелал повеќе од 60 ракети врз израелската кула

Израелската армија соопшти дека бил извршен напад од правец на Либан на подрачјето на северен Израел и дека одговорила со напад на „терористичката ќелија“ која учествувала во лансирањето. Либанското милитантно движење Хезболах објави дека извршило напад врз важна цел на израелска територија, како одговор на неодамнешното убиство во Бејрут на Салех Ал Аури, еден од лидерите на палестинскиот Хамас, за …

Continue Reading

Арсовска ги пречека младите бадникари средношколци од Бадниковите поворки

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска ги пречека младите бадникари средношколци од Бадниковите поворки. Таа на својот фејсбук профил напиша дека со песната освен веста за Христовото Раѓање се покажала и убавината на традицијата со пеење на божиќните каланди. „Ги пречекавме нашите млади бадникари средношколци од Бадниковите поворки кои со песна ја вознесоа веста за Христовото Раѓање и ја покажаа …

Continue Reading

Приведено лице од Косово, во камион криумчарело стока без документација

Вчера околу 16.30 часот на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Н.Х.(49) од Косово, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“. При преглед во товарното возило „рено“ со косовска национална ознака, кое го управувал, била пронајдена стока за која немал доказ за …

Continue Reading