Опожарен „сеат леон“ во Скопје, нема повредени

Денеска околу 05.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „МАНАПО“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 26-годишниот С.Р. од Скопје, извести МВР. – Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема, додаваат од МВР. Бил извршен увид.

Continue Reading

(Видео) Ковачевски-Бесими: Буџетот за 2024 е развоен, целосно се обезбедени повисоките пензии и плати, 733 милиони евра капитални инвестиции

Владата на Република Северна Македонија денеска на редовната седница, на предлог на Министерството за финансии, го усвои Предлог-буџетот за 2024 година. Цели на буџетот за следната година се да обезбеди забрзување на економскиот раст, да осигура фискална одржливост и да овозможи редовна исплата на сите обврски, вклучително и повисоки плати, пензии, социјални права, поддршка на претпријатијата и земјоделците , како …

Continue Reading

(Видео) Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катализма на ЈСП и јавниот превоз

Советничката група на СДСМ и коалицијата во Скопје иако е опозицијата се грижи за интерсот на граѓаните и ќе го поддржиме субвенционирањето на ЈСП, но ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БРТ немаше денеска да зборуваме за катаклизми и хаос во јавниот превоз, рече денеска на седница на Советот на град Скопје советникот Гордан Шутаров од СДСМ. -Ставот на …

Continue Reading

Истепана малолетничка во двор во основно училиште во Чаир

Вчера вечер во 22.20 часот во СВР Скопје, 41-годишната М.К.В. од Скопје пријавила дека во двор на основно училиште на подрачје на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од неколку други малолетнички, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Уапсен маж од Ласкарци, во неговиот дом пронајдено оружје и куршуми

Денеска во село Ласкарци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода 34-годишниот Х.Б. од село Ласкарци, извести МВР. – При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол, две рамки за пиштол и куршуми, соопшти МВР. Лицето е приведено во полициска станица и …

Continue Reading

Пукано кон скопјанец во центарот на градот

Вчера вечер во 21.50 часот во СВР Скопје, 33-годишниот К.С. од Скопје пријавил дека пред зграда на подрачје на Центар, поради претходни недоразбирања, Т.М. пукал со пиштол кон него, но не го погодил, извести МВР. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Continue Reading

Татко ја допирал по телото својата малолетна ќерка, во полицијата во Битола го пријавила неговата поранешна жена

Вчера попладне, во 13.00 часот во СВР Битола, 37-годишна жена од Битола пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг Т.С. ја допирал по телото нивната малолетна ќерка, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Хаусмајстор во училиште во Карпош допирал ученичка по телото, полицијата го расчистува случајот

Вчера вечер околу 19.30 часот во СВР Скопје, лекар од Клиниката за гинекологија и акушерство Скопје пријавил дека кај нив на преглед дошла 18-годишна ученичка од средно училиште на подрачје на Карпош, извести МВР. Според пријавеното, 55-годишен хаусмајстор во училиштето ја допирал по телото и таа го пријавила случајот кај психологот во училиштето, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување …

Continue Reading

Ковачевски за изјавата на Груби: Влегуваме во предизборие, ќе се наслушаме кој сè е главен, Македонија ја води премиер Македонец

Премиерот Димитар Ковачевски не го загрижува изјавата на првиот вицепремиер и министер во неговата Влада, Артан Груби, дека до државата владеат Албанци. По претставувањето на буџетот на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања, премиерот Ковачевски рече дека Владата во моментот ја води премиер Македонец и дека со досегашната работа успеале да испратат пораката дека силата е во заедништвото, а таквата …

Continue Reading