Сосетката ја немало пет години – вчера пронајдено нејзиното мумифицирано тело во домот во Врачар

Телото на одамна почината жена било откриено во петокот во нејзиниот дом во белградската општина Врачар. Соседите на полицијата ѝ рекле дека во тој стан живеела нивната сосетка, но која не ја виделе веќе пет години, објавуваат српските медиуми. Повеќе детали ќе бидат познати по обдукцијата.

Continue Reading

(Видео) Работник во позната пиварница во Кина е снимен како уринира врз суровини, отворена е истрага

Еден од најголемите кинески производители на пиво објави дека менаџментот отворил истрага откако оваа недела се појави видео на вработен во фабриката како уринира врз суровини. На видеото објавено на интернет во четвртокот наводно се гледа работник во складиштето на пиварницата Цингтао додека се качува на контејнер со високи странични ѕидови и уринира во неговата содржина. Клипот кружеше на кинеските …

Continue Reading

Град Скопје во ноември домаќин на над 100 градоначалници од целиот свет

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во ноември годинава ќе биде домаќин на над 100 градоначалници од целиот свет, во рамки на Годишниот Самит на Глобалниот парламент на градоначалници кој во 2023 година ќе се одржи во Македонија. “Одлична средба и разговор во Вашингтон со Амбасадор Нина Хачигиан, Специјалниот претставник на Стејт Депарментот во САД за градска и државна дипломатија …

Continue Reading

Меџити: Од денес се инсталира новиот акцелератор на УКРО

Министерството за здравство информира дека од денеска започнува инсталацијата на новиот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Министерот Меџити инфомира дека првите две фази на демонтажа на дваесет години стариот акцелератор е завршена и направена е адаптација и реновирање на бункерот. „Проблемите ги решаваме брзо и ефикасно. Со задоволство информирам дека од денес започнуваме со монтажата на новиот акцелератор …

Continue Reading

(Видео) Дваесет камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа

Првите камиони со хуманитарна помош за Појасот Газа поминаа низ единствениот граничен премин меѓу Египет и палестинската енклава, според снимките на египетската телевизија. Дваесет камиони со медицински материјали треба да влезат во Појасот Газа, јавува египетскиот ТВ канал Ал Кахера. Ова се први испораки преку граничниот премин Рафа откако пред две недели избувна војната меѓу Израел и Хамас, исламистичката група …

Continue Reading

Со возило удрен велосипедист во Тетово, возачот побегнал

На 20.10.2023 во 21.07 часот било пријавено дека во Тетово на ул.„29 Ноември“ кај крстосницата со бул.„Благоја Тоска“, патничко возило „голф“ удрило во велосипед управуван од Л.Л.(40) од Тетово, и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки …

Continue Reading

Загина мотоциклист во Прилеп

На 20.10.2023 во 13.20 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Народен херој Орде Чопела“, мотоцикл „кимко“ управуван од Љ.П.(44) од Прилеп удрил во заден дел од товарно моторно возило „ман“ со прилепски регистарски ознаки, паркирано од Р.П.(43) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, по што бил пренесен во Градската болница Прилеп, каде им подлегнал …

Continue Reading

Уапсена косовска државјанка – со мало дете и лажни пасоши сакала да замине од државата

Денеска (21.10.2023) во 03.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром“ – Скопје, на излез од државата, при извршена контрола на А.С.(25) од Р.Косово, која била со малолетно лице, таа на увид дала словенечки патни исправи за кои било утврдено дека биле фалсификувани. При извршен преглед кај неа биле пронајдени две косовски патни исправи и една косовска лична карта со нивните …

Continue Reading

Приведени две лица од Индија поради лажни дозволи за престој

На 20.10.2023 во 09.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“ – Скопје, на влез во државата, при извршени проверки на Б.А.С.(28) и Н.Б.(40), двајцата од Индија, било констатирано дека кипарските дозволи за престој што ги дале на увид биле фалсификувани. По извршен преглед кај нив биле пронајдени дополнителни две кипарски дозволи со измината важност. Со нив бил извршен службен разговор …

Continue Reading