Samsung QLED и OLED телевизори: Дождливите есенски денови се поубави со вашата омилена серија или филм

Покрај најголемото изобилство на најпрекрасните бои во природата што ни ги носи есента, оваа сезона е синоним и за врнежливи периоди. Постуденото време, врнежите, но и немањето можности кога е во прашање престојот на отворено, ќе мотивира многумина да го заменат излегувањето со останување дома и активности кои ни ветуваат удобност на сопствениот дом. Одличен начин да го поминете дождливиот …

Continue Reading

Исчезна девојка од Скопје, родителите се сомневаат дека отишла кај нејзиното момче

Според пријавата во полициска станица, девојка од Скопје најверојатно без дозвола од родителите заминала кај нејзиното момче К.Б. од Шуто Оризари. – На 18.10.2023 во 11.30 часот во Полициската станица Карпош, Е.А.(34) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка С.А.(14). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР.

Continue Reading

Газа има потреба од сто камиони со помош на ден

Агенциите за помош велат дека Газа има потреба од многу повеќе помош од првичните 20 камиони што ги најави американскиот претседател Џозеф Бајден. Шефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс вели дека ќе бидат потребни околу 100 камиони со помош на ден. Египет се согласи повторно да го отвори својот граничен премин со Газа за да дозволи испораки, иако …

Continue Reading

Јордан: На ​​целиот регион му се заканува катастрофа

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и јорданскиот крал Абдула го осудија, како што го нарекоа, „колективно казнување“ на Палестинците во Газа по состанокот во Каиро на кој се разговараше за војната. Во соопштението издадено од Јордан, исто така, се предупреди дека борбите се закануваат да го втурнат целиот регион во катастрофа. Сиси и кралот Абдула требаше да разговараат со американскиот …

Continue Reading

Тренчевска – Бузу: Соработката со Молдавија само може да придонесе кон повеќе можности за граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Женева оствари билатерална средба со Министерот за труд и социјална заштита на Молдавија, Алексеи Бузу. На средбата беше разговарано за Европскиот пат кој претстои пред двете земји до комплетна евроинтеграција. Од страна на министерот на Молдавија беше истакнато дека е потребна поинтензивна соработка и пренесување на искуства за подготовка на министерствата …

Continue Reading

Малолетничка се здобила со изгореници од струен удар во детска игротека

На 17.10.2023 во 10.00 часот во СВР Скопје, Б.Т.(45) од Скопје пријавил дека на 16.10.2023 околу 19.30 часот во игротека во скопско, на прослава на роденден на неговиот малолетен син, неговата малолетна ќерка се фатила за една од цевките во објектот, при што се здобила со изгореница на раката од струен удар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Измамена жена на која ѝ биле потребни пари за лекување

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Р.Т.(65) од охридско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од 31.03.2023 до 12.04.2023, пријавениот преку социјалната мрежа Фејсбук стапил во контакт со женско лице од Кочани, доведувајќи ја во заблуда да уплати одредена сума на пари за да и даде донација за нејзиното лекување. …

Continue Reading

Втората граѓанска обврзница достапна во експозитурите на НЛБ Банка

Втората граѓанска обврзница што ја издаде Министерството за финансии е достапна во сите експозитури на НЛБ Банка низ земјава. Проспектот за втората емисија граѓански обврзници на износ од 600 милиони денари е веќе објавен,  а граѓаните можат да аплицираат за овој финансиски инструмент до 6 ноември до крајот на работниот ден, додека аукцијата ќе биде одржана на 7 ноември, 2023г. …

Continue Reading

Општина Аеродром се вклучува во општествено одговорната кампањата на „Макпетрол“

Осумте основни училишта во Општина Аеродром ќе бидат дел од општествено одговорната и едукативна кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“. Учениците, но и родителите, ќе добијат едукативен материјал преку којшто ќе можат подобро да се запознаат со проблемот со булингот и неговите различни форми, а во секое од училиштата ќе се одржи и работилница на темата. За успешна …

Continue Reading