Петер Стано за средбата во Брисел: ЕУ не виде подготвеност на страните за напредок

Портпаролот на Европската комисија Петер Стано изјави дека последната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина не донела напредок, бидејќи ЕУ не видела подготвеност на страните да најдат компромис и, како што вели, за ова ќе бидат информирани земјите-членки. , а од нив ќе се побараат насоки за тоа какви мерки треба да се преземат., пренесува агенцијата Фонет. Стано на …

Continue Reading

Кси Џинпинг: Кина ја поддржува Замбија во заштитата на националниот суверенитет

Кинескиот претседател, Кси Џинпинг, денеска објави дека Пекинг ја поддржува Замбија во заштитата на нејзиниот национален суверенитет, безбедност и развојни интереси, истовремено поттикнувајќи поголем увоз од таа земја од Јужна Африка, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на кинеските медиуми. Кси се состана со замбискиот претседател Хакаинде Хичилема во Пекинг и двете земји ги надградија своите односи до сеопфатно стратешко кооперативно партнерство, …

Continue Reading

Зголемен паричниот износ на Нобелова награда

Добитниците на овогодинешните Нобелови награди ќе добијат дополнителен милион шведски круни (84.000 евра), со што вкупната финансиска награда ќе се зголеми на 11 милиони круни (920.000 евра), објави Нобеловата фондација, која ги администрира наградите. Паричната награда одеше нагоре и надолу во последниве години, а членовите на наградната комисија рекоа дека сумата се зголемува оваа година за да ја одрази посилната …

Continue Reading

„ТикТок“ казнет со 345 милиони евра поради кршење на законите за приватност на ЕУ

Платформата „ТикТок“ е казнета со 345 милиони евра поради кршење на законите за приватност поврзани со употребата на личните податоци на децата во ЕУ, објави регулаторното тело на Унијата одговорно за усогласување со прописите за заштита на приватноста. Кинеската платформа, која во последниве години се здоби со голема популарност меѓу тинејџерите ширум светот, прекршила повеќе закони за приватност на ЕУ …

Continue Reading

Паника во Индија: избувна епидемија на смртоносен вирус, стотици тестирани

Здравствените власти во Индија се борат да ја спречат појавата на вирусот нипах, кој веќе уби две лица и има стапка на смртност која според Светската здравствена организација е висока до 75 проценти. Околу 800 луѓе биле тестирани во текот на изминатите неколку дена во јужната држава Керала, а двајца возрасни и едно дете се хоспитализирани откако добиле позитивни дијагнози, …

Continue Reading

Американски санкции за турски компании поради трговијата со Русија

Кабинетот на американскиот претседател Џо Бајден воведе санкции за група турски компании поради водење бизнис со Русија, како дел од поширокиот пакет мерки што ги вклучува и рускиот Автоваз и две компании со седиште во Финска, пренесува Хина повикувајќи се на Ројтерс. Санкциите се насочени кон бродските и трговските компании обвинети за помагање во поправка на санкционирани бродови поврзани со …

Continue Reading

Украина: Русија бара воени авиони вклучени во нападите на Крим

Украина објави дека нападот на руско беспилотно летало во текот на ноќта врз регионот каде што се наоѓа украинскиот воен аеродром покажал дека Русите трагаат по воени авиони вклучени во овонеделните напади врз Крим окупиран од Русија. Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија истрелала 17 беспилотни летала камикази во централниот регион Хмелницки, каде се наоѓа воздухопловната база Старокостијантинов, која …

Continue Reading

ОН: Помош во Либија е потребна за околу 823.000 луѓе

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) процени дека во Либија, поради тековната политичка нестабилност, конфликти и влошена економија, помошта е неопходна за околу 823.000 луѓе, вклучително и 240.000 деца, а особено ќе биде изразена во следните три месеци. Проценката доаѓа во време кога две брани во планините над пристаништето Дерна пукнаа во поплавите по бурата Даниел …

Continue Reading

ЕУ повеќе нема да организира средби меѓу главните преговарачи на Белград и Приштина

Европската унија во консултација со земјите членки и САД ќе одлучи за понатамошните чекори во дијалогот меѓу Белград и Приштина и можните позитивни и негативни мерки кон страните, изјави висок европски функционер и нагласи дека ЕУ повеќе нема да организира нови состаноци на лидери и главни преговарачи под сегашните околности, јави денеска РТС. Официјалниот претставник, кој не сакаше да биде …

Continue Reading