Американски санкции за турски компании поради трговијата со Русија

department-of-state
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кабинетот на американскиот претседател Џо Бајден воведе санкции за група турски компании поради водење бизнис со Русија, како дел од поширокиот пакет мерки што ги вклучува и рускиот Автоваз и две компании со седиште во Финска, пренесува Хина повикувајќи се на Ројтерс.







Санкциите се насочени кон бродските и трговските компании обвинети за помагање во поправка на санкционирани бродови поврзани со руското Министерство за одбрана и помагање во трансферот на „стоки со двојна употреба“, се вели во соопштението.

Санкционирани беа Margiana Insaat Dis Ticaret, поради стотина пратки до казнети руски компании кои се составен дел од синџирот на снабдување во производството на воени дронови и Demirci Bilisim Ticaret Sanayi, поради испорака на сензори и мерни алатки во Русија.

Стејт департментот ја наведе компанијата „Денкар Шип Констракшн“ за поправка на бродови кои биле означени како бродови од компании поврзани со руското Министерство за одбрана.

Казнени мерки беа изречени и на турската бродоградежна агенција ID Ship Agency и нејзиниот сопственик и CTL Limited, која, според Стејт департментот, посредува и доставува електронски компоненти од американско и европско потекло за руските компании.

Поширокиот пакет ја таргетира и руската индустриска база, вклучувајќи го производителот на автомобили „Автоваз“, и поморскиот сектор и добавувачите на технологија, како и производствените и поправки на руските системи за оружје.

Две логистички компании со седиште во Финска, Siberica Oy и Luminor Oy, исто така се на списокот за испорака на странска електроника до крајните корисници во Русија, се вели во соопштението на Министерството за финансии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK