„ТикТок“ казнет со 345 милиони евра поради кршење на законите за приватност на ЕУ

„ТикТок-казнет-со-345-милиони-евра-поради-кршење-на-законите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Платформата „ТикТок“ е казнета со 345 милиони евра поради кршење на законите за приватност поврзани со употребата на личните податоци на децата во ЕУ, објави регулаторното тело на Унијата одговорно за усогласување со прописите за заштита на приватноста.

Кинеската платформа, која во последниве години се здоби со голема популарност меѓу тинејџерите ширум светот, прекршила повеќе закони за приватност на ЕУ во периодот од 31 јули 2020 година до 31 декември истата година, соопшти регулаторот за заштита на податоците на ЕУ, пренесува „Ројтерс“.

Портпаролот на „ТикТок“ изјави дека компанијата не се согласува со одлуката, особено со висината на казната.

Тие додадоа дека платформата воведе построги контроли и правила за родителски надзор откако почна истрагата на ЕУ, така што нејзините резултати не се релевантни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK