Адеми повторно се врати во Динамо Загреб

Аријан Адеми се врати во Динамо Загреб, тврдат хрватските медиуми. Динамо на тој начин ги заврши неколкудневните преговори со Кинезите, кои постојано ги менуваа условите, но на крајот во последен момент се согласија да го ослободат македонскиот репрезентативец. Адеми потпиша тригодишен договор со Динамо Загреб и се враќа по една година во кинескиот клуб Пекинг Гуан. Адеми многу сакаше да …

Continue Reading

Крвава пресметка меѓу две лица во Чаир – Итната помош ги нашла двајцата повредени пред поликлиниката

Доцна синоќа околу 1 часот пред Поликлиниката Чаир, Итната медицинска помош ги затекнала повредени со остар и тврд предмет Б.П. и А.Л.(21) од Скопје. Двајцата се расправале, па физички се пресметале, по што заедно завршиле повредени пред поликлиниката, кога ги здогледале вработените од Итната помош. Лицата биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување …

Continue Reading

Мажи од Гостивар со оружје усмртиле коњи, полицијата ги приведе

Две лица од селото Лакавица, Гостиварско се приведени од страна на полицијата откако со оружје усмртиле два коња. „На 07.09.2023 околу 15.30 часот во гостиварско, од полициски службеници од полициска станица Гостивар се лишени од слобода А.А.(32) и З.И.(31) двајцата од с. Лакавица, гостиварско постапувајќи по пријава според која во с.Страјане, гостиварско, тие со огнено оружје усмртиле два коња“, велат …

Continue Reading

Штипјанец со автомобилот удри во диво животно и излета од патот – тешко повреден е

Штипјанец со „дачиа“ удри во диво животно и излета од патот. Несреќата, како што информираат од МВР, се случила на регионалниот пат Неготино-Штип, спроти селото Лесковица. Со автомобилот управувал 47-годишен штипјанец, кој се здобил со тешки повреди. Полицијата излегла на лице место.

Continue Reading

Кумановец со нож нападнал сограѓанин, но се повредил и самиот – двајцата се во болница

Полицијата го приведе А.Д.(38) од Куманово, откако вчера пред маркет во населба „Бабин Дол“ во Куманово, по претходна расправија, физички го нападнал И.П., при што употребил остар предмет, а притоа и самиот се повредил. „Лицата се пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош“, велат од МВР. Увид извршила увидна екипа на СВР Куманово, а по целосно документирање …

Continue Reading

Почина доајенот на македонското алпско скијање, Иван Лесевски

Македонското алпско скијање денеска го загуби својот доајен Иван Лесевски. Тој ненадејно почина во 69. година од животот, информираат од Скијачката федерација на Македонија. Лесевски ќе биде запаметен како еден од најголемите скијачки работници во Македонија, уште од периодот на поранешна Југославија, но и по осамостојувањето. Беше носител на најголемите функции, селекторски и тренерски, и беше организатор на најголемите скијачки …

Continue Reading

Млада битолчанка нападнала колешка во казино

Дваесет и едногодишна девојка нападнала своја колешка во казино во Битола. Нападнатата е жена на возраст од 44-години, која пријавила дека во 3 часот била удрена со тврд предмет од страна на помладата колешка. На нападот претходела расправија помеѓу вработените во казиното, велат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Маж падна од сцена во Лозово, со повреди пренесен во болница

Доцна синоќа околу 00.50 часот во полициската станица Свети Николе е пријавено дека во општина Лозово, Б.Д.(55) од Крива Паланка паднал од поставена бина и се повредил. „Лицето било пренесено во Општата болница Велес каде му се констатирани тешки телесни повреди“, велат од МВР. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициска станица Свети Николе.

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски потврди дека нема пазар за уставни измени, што значи дека измените на КЗ се за амнестија на ДУИ и СДС

Ковачевски потврди дека нема никаков пазар за уставни измени, и на тој начин индиректно призна дека измените на Кривичниот законик ги прави исклучиво поради амнестија на ДУИ и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Измените во Кривичниот законик со кој се намалуваат казни е за директорите и министрите од власта кои изминативе 6 години ја крадат државата. Тендери во 4 …

Continue Reading