ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски потврди дека нема пазар за уставни измени, што значи дека измените на КЗ се за амнестија на ДУИ и СДС

ВМРО-ДПМНЕ-Ковачевски-потврди-дека-нема-пазар-за-уставни-измени-што.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Ковачевски потврди дека нема никаков пазар за уставни измени, и на тој начин индиректно призна дека измените на Кривичниот законик ги прави исклучиво поради амнестија на ДУИ и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Измените во Кривичниот законик со кој се намалуваат казни е за директорите и министрите од власта кои изминативе 6 години ја крадат државата.

Тендери во 4 очи, наместени набавки, се предмет на амнестијата на СДС и ДУИ за своите функционери.

Ковачевски знае дека по падот од власт нема да ги имаат обвинителството и судството под контрола и ќе треба да се соочат со одговорност, затоа и ги намалуваат казните.

Ковачевски е свесен дека оди во опозиција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK