Пленковиќ тврди дека Хрватска ќе има „силни и способни“ воздушни сили како ниедна друга во „овој дел од Европа“

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ изјави дека оваа земја ќе ја има најсилната авијација во овој дел од Европа благодарение на инвестицијата во француските повеќенаменски ловци Рафале, пренесува Кликс. При отворањето на новиот конгресен центар на Хрватскиот воен факултет „Фрањо Туѓман“, Пленковиќ истакна дека стратешката позиција на Хрватска ќе се промени. Следната година стратешката позиција на Хрватска ќе се смени …

Continue Reading

Скопјанка пријавила закана со пиштол, се расчистува случајот

Вчера попладне, во 17.00 часот во СВР Скопје, 36-годишната К.К. од Скопје пријавила дека на 29.08.2023 околу 14.30 часот во фирма на подрачје на Гази баба во Скопје, поради нерасчистени деловни односи, едно лице и се заканило со пиштол, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Уапсен скопјанец, нападнал полицаец

Вчера, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода 21-годишниот С.Ј. од Скопје, извести МВР. – Тој се сомничи дека на 18.08.2023 на ул.„Скупи“ во Скопје, физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, додаваат од МВР. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, …

Continue Reading

Мицкоски на средба со Памер: На власта секојдневно и се случува нов коруптивен скандал во кој е вмешан некој владин функционер, потребни се брзи избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот и пратеник Александар Николоски остварија средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во земјата, Мартин Памер. Најпрво претседателот Мицкоски му посака добредојде на Памер и му успех во вршењето на функциката амбасадор во Република Македонија, а посебен акцент стави на негување на блиските и пријателски односи меѓу двете држави. Соговорниците разговараа …

Continue Reading

Ал-Етифак на Џерард му го раскина договорот на Дарко Велковски

Саудискиот клуб, Ал-Етифак, кој оваа сезона го донесе легендарниот Стивен Џерард како тренер, потврди дека му го раскинува договорот на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски. „Ал-Етифак го потврдија раскинувањето на договорот со дефанзивецот Дарко Велковски со взаемна согласност. Му благодариме за што направи со нас и му посакуваме среќа“, се вели во потврдата на социјалните мрежи. Велковски веќе почна со тренинзи …

Continue Reading

IFA 2023: Samsung SmartThings ги поврзува луѓето со најважните работи

Скопје, С. Македонија – 31 август 2023 година – Samsung Electronics Co., Ltd денеска ги прикажа своите најнови иновации за поврзан дом. За време на прес-конференција за IFA 2023, компанијата ја истакна својата визија SmartThings да им овозможи на потрошувачите низ Европа да дадат приоритет на темите кои им се важни – од заштеда на енергија, зголемување на безбедноста и …

Continue Reading

Кривична против 22-годишник од Шуто Оризари, украл накит во струмичко

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 22-годишниот И.Е. од Шуто Оризари – Скопје поради постоење основи на сомнение поради сторено кривично дело „тешка кражба“, извести МВР. – На 12.08.2023 во Струмица, пријавениот одзел накит од З.Ј. од село Василево, струмичко, додаде МВР.

Continue Reading

Легендарната друштвена игра оживеа на филмското платно – Dungeons & Dragons: Honour Among Thieves доаѓа ексклузивно на SkyShowtime од 31 август

Dungeons & Dragons: Honour Among Thieves, импресивниот акциско-авантуристички филм заснован врз легендарната друштвена игра од „Хасбро“, ќе биде достапен за стримување ексклузивно на SkyShowtime од 31 август Еден шармантен крадец и една група безнадежни авантуристи организираат јуначка кражба за да вратат еден изгубен редок артефакт, но работите тргнуваат наопаку кога ќе налетаат на погрешни луѓе во оваа смешна акциона авантура. …

Continue Reading

Уапсен маж од Кратово, се барал за издржување казна затвор

Вчера попладне во 12.40 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода 38-годишниот Д.М. од Кратово, извести МВР. – Тој бил баран врз основа на наредба од Основен суд Кратово за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело по член 131 став 1 од Кривичниот законик, соопшти МВР. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа …

Continue Reading