(Видео) Мојсоска: Жените во земји во војна се побезбедни отколку во овој македонски систем што не постапува
На собраниската седница посветена на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, имаше излагање во кое посочи дека зад празничните честитки стои сурова реалност на институционална негрижа кон жртвите на семејно насилство и длабоко нефункционален систем кој со години не успева да ги заштити најранливите. „Кога сторителите на семејно насилство имаат богата историја на кривични пријави …
Continue Reading
Руте: Соборувањето на балистичка ракета испукана кон Турција не го активира Членот пет
Соборувањето на балистичка ракета насочена кон Турција од страна на противвоздушните сили на НАТО не претставува непосредна причина за активирање на Членот пет, клаузулата за меѓусебна одбрана на членовите на алијансата, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. „Никој не зборува за Членот пет. Најважно е што нашите противници вчера видоа колку е силен и буден НАТО, а уште …
Continue Reading
(Видео) Цветановски: СДСМ нема да молчи, оставка од Тошковски поради загубените животи
Трагедијата во скопската населба Карпош, во која згаснаа животи на мајка и дете ги покажа сите сериозни пропусти на МВР. МВР на Тошковски потфрли. Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство, вели Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Како што кажа, вкупно 12 пријави имало за сторителот, кој имал и други обвиненија и кривични …
Continue Reading
Киро Глигоров одбил понуда од 100 милиони долари за промена на името, открива документ на ЦИА
Поранешниот македонски претседател Киро Глигоров одбил понуда од 100 милиони долари за промена на името во 1992 година, се наведува во неодамна декласификуван документ на американската тајна служба ЦИА. Документот открива дека Глигоров одбил понуда од грчки претставници од 100 милиони долари, под услов името на земјата да се промени. Претседателот ги опишал грчките барања како целосно неразумни, изјавувајќи дека …
Continue Reading
(Видео) Лефков: СДС на Заев и Филипче се продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко
СДС на Заев и Филипче се продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко. Македонија со власта на СДС, Заев и Филипче беше прогласена за хибриден режим, истакна на прес-конференција Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „СДС на Заев и Филипче, даваше пасоши на белосветски криминалци, државјанства на криминали како русинот Онишченко и тендери на почесни конзули на Белорусија, како …
Continue Reading
Леонардо Жардим официјално го презеде Фламенго
Португалскиот тренер Леонардо Жардим го презеде кормилото од бразилскиот гигант Фламенго. По изненадувачката смена на Фелипе Луис, кој му донесе на Фламенго седум трофеи минатата година, црвено-црните од Рио де Жанеиро се одлучија за Леонардо Жардим. Тој потпиша договор до декември 2027 година. Жардим е најпознат по својот мандат во Монако, со кој го освои француското првенство и промовираше …
Continue Reading
Обвинителството бара продолжување на притворот за насилникот од Карпош
Обвинителството бара продолжување на притворот за насилникот од Карпош. По смртта на неговите сопруга и ќерка, тој доби притвор од 48 часа. „Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа, бидејќи се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, се обезбедуваат и анализираат видео записи …
Continue Reading
Лавров: САД не одговорија на предлогот на Путин
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва не добила одговор од Соединетите Американски Држави на предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за подготвеноста на Русија да плати една милијарда долари од замрзнатите руски средства на Мировниот комитет. „Одвојуваме милијарда долари од нашите резерви замрзнати во САД, за што зборуваше претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, за …
Continue Reading
Доградбата на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода влегува во завршна фаза
Градежните активности за доградба и проширување на општинското основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“ влегуваат во својата завршна фаза. Градоначалничкатана Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, денеска изврши увид на терен, каде интензивно се работи на финализирање на овој значаен проект. Таа посочи дека со изградбата на нови 390 квадратни метри простор, односно по 130 квадрати на секој кат, трајно се …
Continue Reading