Кошта: Само дипломатијата може да го прекине конфликтот на Блискиот Исток

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денес изјави дека по пет недели војна на Блискиот Исток, се покажува дека само дипломатско решение може да ги отстрани нејзините причини, нагласувајќи дека таргетирањето на цивилната инфраструктура е нелегално и неприфатливо, и дека Европската унија (ЕУ) го повикува Иран да ги запре нападите и да дозволи слободна пловидба низ Ормускиот теснец. Во објава …

Continue Reading

Кириите во германските градови пораснале за 43 отсто за десет години

Цените за изнајмување станови во германските градови во последните десет години во просек пораснале за 43 отсто, а во некои градови, како Берлин, растот достигнува до 69 отсто. Според податоците, станарите денес плаќаат во просек 43 отсто повеќе отколку пред десет години, а во Берлин и Лајпциг зголемувањето е близу 70 проценти. Во Берлин, цената по квадратен метар пораснала од …

Continue Reading

Алиу: Започната модернизација на 10 операциони сали, шест веќе обновени

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ги посетија хируршките клиники во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде изминатиот период се комплетно реконструирани шест операциони сали од кои две на Клиниката ТОАРИЛУЦ (оддел трауматологија), две на Клиниката за урологија и две на Клиниката за детска хирургија. -Извршена е комплетна реконструкција и реновирање, комплетна замена на …

Continue Reading

Спречени обиди за криумчарење на над 16 илјади парчиња лекови, забни импланти, опрема за тетовирање, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит

Царинската управа спречи обиди за криумчарење на над 16 илјади парчиња лекови, 116 парчиња забни импланти, опрема за тетовирање, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит. Во три случаи против осомничените се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик. Вкупно 16.051 парчиња непријавени лекови, со вредност од 1,6 милиони денари, се пронајдени при …

Continue Reading

Началник на украинската армија: „Ја вративме контролата врз голем дел од бојното поле“

Украина ја врати контролата врз 480 квадратни километри територија во југоисточните и источните делови на фронтот од крајот на јануари, изјави нејзиниот воен началник Олександр Сирски, додавајќи дека Русија ја продолжува својата пролетна офанзива. Посетувајќи го фронтот, Сирски рече дека Украина ја вратила контролата врз осум локации во источниот Дњепропетровски регион и четири локации во југоисточниот Запорожски регион. И покрај …

Continue Reading

Цистерна со бензин се запали во Тексас, возачот во критична состојба

Цистерна со бензин се запалила во Тексас по судир со друго возило и уривање на далековод, а возачот е во критична состојба, соопштија локалните власти, пренесе Ен-Би-Си Њуз. Несреќата се случила околу 1 часот по локално време. Камионот превезувал околу 9000 галони бензин, кој почнал да истекува откако цистерната излетала од патот во близина на бензинска пумпа. Според пожарникарите, пожарот …

Continue Reading

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати во која се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% (освен за мазутот) и намалените износи на акцизите за дизелските фракции од 4 ден/лит и од 2 ден/лит за бензинските фракции. Од …

Continue Reading

Кремљ: Безбедноста на „Турски тек“ е приоритет по инцидентот во Србија

Засега нема веродостојни докази за тоа кој би можел да стои зад обидот за напад врз гасоводот во Србија, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Знаеме дека засега нема веродостојни докази за тоа кој би можел да стои зад обидот за напад врз европскиот дел од оваа витална енергетска артерија, која моментално функционира под екстремен притисок“, рече Песков, коментирајќи …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Дали за промената на ДУП-от во Тетово, Дака го подмитил Заев со 4 милиони евра

Дали за промената на ДУП-от во Тетово, Дака го подмитил Заев со 4 милиони евра, праша Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Во аудио снимката во која прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака разговара со посредникот на Заев, Зоран Милески Кичеец, Дака му вели на Кичеец дека ако ја спроведе работата, тој ќе им даде 2 милиони, а друг ќе им даде …

Continue Reading