Во Скопје претепан и ограбен таксист од Гевгелија


340716672_236652192106803_6383112262298129777_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Такси возач од Гевгелија бил физички нападнат и ограбен во скопската населба Шуто Оризари, откако превезувал двајца патници кои му рекле дека ќе му платат по пристигнувањето на дестинацијата.


Како што соопшти МВР, 56-годишен такси возач од Гевгелија пријавил дека околу 02:00 часот во неговото возило влегле две лица кои побарале да ги превезе до Шуто Оризари.

Според пријавата, тие му кажале дека превозот ќе го платат кога ќе пристигнат. Но, по доаѓањето на договорената локација, двајцата физички го нападнале и му го одзеле паричникот во кој имало пари и лични документи.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK