Меси собори два рекорди на Светскiте првенства


14161230.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави два нови рекорди штом стапна на теренот, што само сведочи за неверојатната долговечност на неговата кариера на највисоко ниво.


Со 39 години и 25 дена, Меси стана најстариот играч што некогаш играл во финале на Светско првенство. Со тоа, тој го сруши рекордот на Швеѓанецот Гунар
Грен, кој имаше 37 години и 241 ден во финалето против Бразил во 1958 година.

Единствениот постар фудбалер во финалето беше италијанскиот голман Дино Ѕоф. Голманот имаше 40 години и 133 дена кога Италија ја победи Западна Германија во 1982 година и ја освои титулата светски шампион.

Меси стана и првиот фудбалер во историјата што бил во почетниот состав на три финалиња на Светските првенства. Бразилскиот капитен Кафу, исто така, играше три финалиња – во 1994, 1998 и 2002 година. Сепак, во своето прво финале против Италија, тој не беше стартер, туку влезе во игра во 21-та минута наместо повредениот Жоржињо.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK