(Видео) Двократниот шампион падна и се повлече од Тур де Франс

Јонас Вингегорд, еден од главните фаворити за победа на Тур де Франс, мораше да се повлече од трката по тешкиот пад во 15-таа етапа. Данецот падна 22 километри пред целта на делницата од Шампањол до Плато де Солезон. Во десна кривина на кружниот тек, неговиот велосипед се лизна, по што падна на десното рамо и не можеше да продолжи. Првите …

Continue Reading

Меси и неговиот наследник ќе испишат историјата на СП

Финалето на Светското првенство во 2026 година помеѓу Аргентина и Шпанија ќе донесе неколку податоци кои ќе останат запишани во историјата на светскиот фудбал. Дуелот помеѓу Лионел Меси и Ламин Jамал ​​привлекува најголемо внимание. Меси е постар од Јамал 20 години и 19 дена, што е најголемата разлика меѓу двајца стартери во историјата на Мундијалите. Интересно е што овие двајца …

Continue Reading

Во Скопје претепан и ограбен таксист од Гевгелија

Такси возач од Гевгелија бил физички нападнат и ограбен во скопската населба Шуто Оризари, откако превезувал двајца патници кои му рекле дека ќе му платат по пристигнувањето на дестинацијата. Како што соопшти МВР, 56-годишен такси возач од Гевгелија пријавил дека околу 02:00 часот во неговото возило влегле две лица кои побарале да ги превезе до Шуто Оризари. Според пријавата, тие …

Continue Reading

(Видео) Долги редици пред финалето Шпанија – Аргентина: навивачите чекаат и по два и пол часа за влез поради протоколи

Неколку часа пред финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, пред стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси се создадоа огромни редици, а навивачите чекаат и повеќе од два и пол часа за влез. Причина за застојот се засилените безбедносни контроли, кои овојпат ги спроведува американската полиција поради присуството на бројни високи функционери, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп. Дополнителен …

Continue Reading

Прогласена епидемија во Гостивар, утре резултатите од анализите на водата

Центарот за јавно здравје Тетово прогласи епидемија на територијата на Општина Гостивар поради наглото зголемување на бројот на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво. Како што соопшти епидемиологот д-р Зорица Зафироска, во последните 24 часа на Инфективното одделение во гостиварската болница се прегледани 204 пациенти, од кои тројца се хоспитализирани, додека на Педијатрија се евидентирани 140 …

Continue Reading

МВР приведе 10 возачи без дозвола, меѓу нив и двајца малолетници со „мерцедеси“

Десет лица, меѓу кои и двајца малолетници, биле лишени од слобода во засилени сообраќајни контроли спроведени низ државата, откако биле затекнати како управуваат моторни возила без возачка дозвола или без соодветна категорија, соопшти МВР. Во Скопје биле приведени двајца малолетници, едниот на булеварот „Македонско-Косовска Бригада“, а другиот во село Студеничани, кои управувале автомобили „мерцедес“ без да поседуваат возачка дозвола. На …

Continue Reading

Владата ќе обезбедува по 50.000 литри бесплатна вода дневно за граѓаните на Гостивар

Владата соопшти дека интервентно ќе обезбедува по 50.000 литри бесплатна вода за пиење дневно за граѓаните на Гостивар, почнувајќи од денес и во наредните неколку дена, поради состојбата со водоснабдувањето во градот. Како што информираат од Владата, од првиот момент се во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следат развојот на настаните. „Покрај институционалниот одговор, постапувањето на …

Continue Reading

УХМР најавува до 40 степени утре, попладне пороен дожд, грмежи и услови за град

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 …

Continue Reading

Бран случаи на семејно насилство низ државата

Во текот на изминатото деноноќие, Министерството за внатрешни работи регистрираше повеќе случаи на семејно насилство во Скопје, Радовиш и Струмица, при што во три случаи се извршени приведувања. Во Скопје, 36-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од неговата 35-годишна поранешна сопруга на подрачјето на Центар. Неколку часа подоцна, и 35-годишната жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот 36-годишен …

Continue Reading