Одговор на 82 прашања од ТВ ТЕРА
Одговор на 82 прашања од ТВ ТЕРА Општина Битола ја почитува улогата на медиумите и правото на јавноста дабиде информирана. Истовремено, точната и одговорна комуникацијаподразбира разграничување меѓу новинарски прашања, барања за пристап доинформации од јавен карактер и барања за повторно систематизирање обемнадокументација што веќе е јавно објавена или претходно доставена. Доставениот допис содржи 82 прашања, вклучувајќи и бонус прашања, од …
Continue Reading
Досега пациентот се дијагностицираше на едно, а за закрепнување одеше на друго место, со новиот простор тој пат е скратен, уверува Клековски за обновената Неврофизиологија
Министерот за здравство, Сашо Клековски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ја посети обновената неврофизиологија – простор од над 800 м² при Универзитетската клиника за неврологија. Целосно се реновирани амбулантите, кабинетите и стационарот, со нова медицинска опрема и систем за климатизација. „Најважно е она што не се гледа на фотографија. Досега пациентот се дијагностицираше на едно место, а …
Continue Reading
Божиновска: Од заштита на рубинот кон воспоставување систем што ќе го гарантира неговото потекло, квалитет и препознатливост во светот
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжува процесот за целосна институционална заштита, уредување и афирмација на македонскиот рубин. Во Министерството денеска се одржа работна средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со новоформираната Комисија за македонскиот рубин, претставници на Државниот завод за индустриска сопственост, претставници од надлежните сектори за геологија и рударство во Министерството …
Continue Reading
(Видео) Филипче: СДСМ поднесе закон, минималната плата да се зголеми на 600 евра, работниците заслужуваат достоинствен живот
Пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска во Собранието го поднесе Законот за зголемување на минималната плата на 600 евра, односно 36.960 денари. Претседателот на СДСМ Венко Филипче, посочи дека на овој начин ќе се обезбеди работниците да имаат достоинствен живот и да ги покријат основните трошоци. Филипче истакна дека сегашната минимална плата од 26.000 денари е недоволна во услови …
Continue Reading
Загина 47-годишен кумановец: со возилото излетал од патот
Вчера во 14:05 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, во близина на клучка за с.Дорфулија, општина Лозово, патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(47) од Куманово, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител …
Continue Reading
Мелони: Сакаме да го зголемиме производството на нафта и гас, можеме да ги произведуваме тука
Италијанската влада донесе декрет со кој предвидува поголемо домашно производство на нафта и гас за да се намали зависноста од увоз. Декретот предвидува мерки за поттикнување на производството, вклучително и назначување на владини комесари кои треба да им помогнат на регионите да го забрзаат издавањето дозволи и концесии за истражување и експлоатација на јаглеводороди. „Сакаме да продолжиме да го зголемуваме …
Continue Reading
Сали–Бланар: Поддршката на Словачка за европската интеграција на Северна Македонија останува силна и значајна
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, во рамки на посетата на Братислава, оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар. На средбата беа потврдени одличните односи меѓу двете земји и континуираната поддршка на Словачка за европската перспектива на Северна Македонија и на Западен Балкан. Сали му се заблагодари на …
Continue Reading
Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски
Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000 квадратни метри, со што запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење на граѓаните, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Почетокот на изградбата беше означен денеска заедно …
Continue Reading
Со метални предмети го нападнале на паркинг простор пред одморалиште во Струга
Вчера во 17:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека во 00:50 часот на паркинг простор пред одморалиште во Струга, две лица со метални предмети го нападнале З.Б.(32) од Струга. Се работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Continue Reading