Утре променливо облачно со утринска магла, од недела пообилни врнежи од дожд


esen-depositphotos_56746637_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.


Во Скопје, претежно облачно, во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во недела и почетокот на следната седмица. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK