Клуб во Германија го откажа настапот на Јелена Карлеуша поради нејзините изјави за изборите

Закажаниот настап на Јелена Карлеуша на 31 октомври во клубот „Театро“ (Club Teatro) во Есен, Германија, е откажан. Управата на клубот одлучи да го откаже концертот поради нејзините изјави во врска со политичката ситуација во Србија – поточно, поради коментарите со кои ги навреди студентите и граѓаните што ја поддржаа „Студентската листа“. Клубот, кој често угостува музичари од Србија и …

Continue Reading

Путин: Илон Маск е вистински гениј

Рускиот претседател, Владимир Путин, го нарече Илон Маск гениј, признавајќи дека Русија дури сега почнува да развива сопствен одговор на неговиот сателитски интернет систем „Старлинк“ (Starlink). Изјавата на Путин е особено значајна со оглед на тоа што украинската војска интензивно го користи „Старлинк“, развиен од компанијата на Маск, „Спејс-икс“ (SpaceX), за време на војната со Русија, пренесува „Ројтерс“. Системот стана …

Continue Reading

ЕУ одобри заем за одбрана на Унгарија во вредност од 5,4 милијарди евра

Европската комисија го одобри барањето на Унгарија за заем за одбрана во износ од 5,4 милијарди евра. Со оваа одлука завршува првиот круг на распределба на средства во рамките на програмата SAFE (Безбедносна акција за Европа – Security Action For Europe), при што на располагање остануваат нешто повеќе од 21 милијарда евра за нов круг на финансирање. Одлуката за одобрување …

Continue Reading

Објавена „Чија си“ – авторизирана биографија на Славе Димитров од Максим Ристески

Животната и музичка приказна на Славе Димитров, еден од клучните творци на златната ера на македонската забавна музика, е во фокусот на новата книга „Чија си“ од Максим Ристески. Инспирирана од животот и од творештвото на еден од најзначајните македонски композитори, пејачи, аранжери и музички продуценти, книгата раскажува за уметничката посветеност, за вербата во музиката и за потрагата по вистинскиот …

Continue Reading

Кремљ: Европејците не се поканети на преговорите меѓу Украина, САД и Русија

Европските претставници нема да учествуваат во трилатералните технички преговори меѓу Украина, САД и Русија, кои се планирани за следниот месец, изјави помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков. Според него, постигнат е договор разговорите да се одржат без учество на Европа, пишува „Правда“. „Можат да дојдат ако си купат билети, но никој нема намера да ги покани на преговарачката маса“, рече …

Continue Reading

Санчез: Неприфатливо е Шпанија да доживее две несреќи со брзи возови во иста година

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, изјави од командниот центар во Лос Јебенес дека цела Шпанија е во жалост по тешката железничка несреќа во близина на Урда. Владата прогласи тридневна официјална жалост, а Санчез наведе дека моменталните приоритети се пронаоѓање на преживеаните, помош за повредените и нивните семејства, како и утврдување на причините за трагедијата. „Ќе ја расчистиме работата до крај. Ако …

Continue Reading

Стојна од Кратово повторно приведена: скопјани ја пријавиле дека се обидела да им наплати влезници на „Куклица“ и им се заканувала

Полицијата повторно ја приведе 41-годишната Стојна Димитровска од Кратово, откако двајца посетители пријавиле дека се обидела да им наплати влезници за туристичкиот локалитет „Камени кукли“, а потоа им се заканувала. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, таа била приведена вчера (27 октомври), во 11:30 часот, по претходна пријава од двајца скопјани. „На 27.10.2026 во 11:30 часот, полициски службеници од …

Continue Reading

САД воведоа нови санкции против Северна Кореја

Соединетите Американски Држави воведоа нов пакет санкции против Северна Кореја, насочени кон десет физички лица и една компанија, соопшти американското Министерство за финансии, пренесува Ројтерс. На листата на санкционирани е компанијата First Financial and Technical Development Center, со која се поврзани шест лица од списокот, меѓу кои и двајца руски државјани. Останатите санкционирани лица се државјани на Северна Кореја. Новите …

Continue Reading

ЕУ бара нов извор на гас, се разгледува можноста за долгорочен увоз од Канада

Европската Унија и Канада ќе ја разгледаат можноста за долгорочен извоз на течен природен гас (ЛНГ) во Европа, во период кога Унијата се соочува со високи цени на гасот и рекордно ниски резерви. Ова е наведено во нацрт-заедничката изјава за самитот ЕУ – Канада, кој ќе се одржи на 29 и 30 октомври во Монтреал, пишува „Еуроњуз“. Двете страни планираат …

Continue Reading