Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март не доби поддршка од пратениците од власта. Предлогот денеска беше на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ. Од опозицијата обвинија дека власта го одбила и предлогот за јавна расправа и разговор …
Continue Reading
Поранешниот норвешки премиер хоспитализиран, наводно се обидел да се самоубие поради Епстин, адвокатот негира
Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд (75) е примен во болница. Ова го потврди неговиот адвокат Андерс Бросвет, кој тврди дека хоспитализацијата е резултат на стресот на кој бил изложен Јагланд по откритијата за неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Бросвет, исто така, ги негираше медиумските извештаи, вклучително и оние објавени од порталите Inyheter и Finansavisen, дека Јагланд се …
Continue Reading
ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна на министерот за правда Игор Филков во неговото последно јавно појавување поврзано со куќниот притвор на поранешниот вицепремиер, Артан Груби. Од партијата оценуваат дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да функционираат судските органи и дека улогата …
Continue Reading
Лидерите на ЕУ во Киев на годишнината од војната; Зеленски: Путин не успеа да ги постигне целите
Високи претставници на Европската Унија му се придружија на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев за да одбележат четири години откако Русија ја нападна земјата, потврдувајќи ја поддршката на Европа за земјата разурната од војна. Но, внатрешните поделби во блокот околу санкциите и финансиската помош би можеле да го поткопаат покажувањето единство. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, …
Continue Reading
„Епл“ дел од производството го сели од Кина во САД
Американскиот технолошки гигант „Епл“ соопшти дека дел од производството на компјутерот „Мек мини“ ќе го пресели од Азија во Хјустон, САД, а производните линии треба да почнат со работа до крајот на годинава. Овој потег се надоврзува на најавата од август за инвестиции од 600 милијарди долари во САД во наредните четири години. Во Хјустон е предвиден и центар за …
Continue Reading
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб …
Continue Reading
Коосновачот на „Асос“ падна од 18-ти кат во Тајланд и почина: неговата девојка не верува дека си пресудил
Девојката на коосновачот на „Асос“, Квентин Грифитс, кој почина под необјаснети околности во Тајланд, изјави дека не може да поверува дека би се самоубил. Грифитс, 58, еден од основачите на онлајн модниот гигант, почина на 9 февруари откако падна од 18-ти кат од својот стан во Патаја, одморалиште јужно од Бангкок. Полицијата ја третира неговата смрт како самоубиство, пишува Дејли …
Continue Reading
Домашниот притвор за Груби е невиден преседан, вели Максим Димитриевски
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски изјави дека одлуката лицe кое подолг период било во бегство да заврши во домашен притвор претставува невиден преседан и, како што рече, ја потврдува нефункционалноста на системот. „Недозволиво е лице коешто подолг временски период е во бегство, се враќа во државата и му се изрекува мерка притвор и истото од распитот завршува дома“, изјави Димитриевски, …
Continue Reading
Ушаков: Франција и Велика Британија сакаат да ѝ обезбедат на Украина нуклеарно оружје
Помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека Русија е запознаена со плановите на Франција и Велика Британија да ѝ обезбедат на Украина нуклеарно оружје или технологија за производство на такво оружје. „Американците, секако, ќе бидат информирани за сè, но тие веќе знаат. Во моментов ова се коментира на сите канали. Ние ќе им го кажеме тоа конкретно“, …
Continue Reading