Кумот на Максим Димитриевски со уште еден бизнис бум во Куманово после скандалот со земјиштето за „Лидл”, велат од Левица


apasiev-mf.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Додека граѓаните на Куманово живеат во хаос од урбанизација и масовно се иселуваат– блиските луѓе на Максим Димитриевски очигледно доживуваат вистински бизнис-бум, реагираат од Левица.


Левица открива нов скандал.

„Од вкупно 48 прифатени иницијативи за поставување фотоволтаични централи, дури 16 се поврзани со фирмата „Солар Енерџи Груп“, во сопственост на Добрин Петрушевски и Драган Митевски – кум на Максим Димитриевски. Тоа значи дека една третина од сите прифатени иницијативи завршуваат кај фирма директно поврзана со најтесниот круг на градоначалникот.

Во целата шема се појавува и Александар Крстевски – поранешен раководител на Агенцијата за култура, а денес директор на Домот за стари лица „Зафир Сајто“. Наместо институциите да работат во интерес на граѓаните, гледаме како функционери и луѓе блиски до Максим Димитриевски се вртат околу профитабилни бизнис-комбинации поврзани со енергетскиот сектор“, потенцираат од оваа партија.

Кумот на Максим Димитриевски, како што наведуваат, се појавува и во скандалот со ,,Лидл”, каде земјиштето предвидено за изградба на маркетот се нашло, според соопштеното, во сопственост токму на кумот Драган Митевски, уште пред јавноста да дознае дека германскиот трговски ланец ќе инвестира во Куманово.

Очигледно, велат од Левица, во Куманово најбрзо се развиваат бизнисите на кумовите на Максим Димитриевски.

„Кога една третина од енергетските иницијативи завршуваат кај фирма на кумот на градоначалникот – тоа не е „успешен бизнис“. Тоа е доказ дека ЗНАМ и Максим Димитриевски го претвораат Куманово во приватен бизнис-проект за блиски луѓе“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK